Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кривична пријава против раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кривична пријава против раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали
Агровести

Кривична пријава против раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали

Објавено 25/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кривична пријава против раководители во ЈП „Национални Шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Беласица“, со несовесно работење во службата го оштетиле буџетот на претпријатието од околу 1,5 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.


Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без притоа на денот на склучувањето да обезбеди депонирање на соодветни банкарски гаранции од 20% од фирмата купувач , од кои првата во износ од 176.577 денари, а втората во износ од 370.850 денари. Исто така, постапувајќи спротивно на наведените договори и Правилникот за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми “ – Скопје, овозможил правното лице континуирано да подига дрвна маса без да се изврши авансна уплата, со што до датумот на негово разрешување овозможил да се формира долг по основ на испорачано огревно дрво од 982.387 денари.
Пријавениот Г.Ц., во својство на раководител на Подружница шумско стопанство „Беласица “ Струмица, по преземање на должноста раководител, не го земал во предвид фактот дека не била уплатена гаранција од 20%, како и дека не се вршела авансна уплата за подигнатото огревно дрво, не презел навремени мерки за наплата на долгот и прекин на испораката, туку дозволил подигнување на преостанатата дрвна маса предвидена во договорите и со тоа овозможил долгот да се зголеми за дополнителни 463.723 денари на штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“.
Со ваквите дејствија била предизвикана вкупна штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од 1.446.110 денари.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:буџетподружницараководителиштеташумарство
Претходен напис Основана Швајцарската комора на Северна Македонија – нова платформа за унапредување на економската соработка и инвестициите
Следен напис Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?