Денес во текот на претпладнето ќе имаме повеќе сончеви периоди, додека попладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопје и околината предпладнево со повеќе сончеви периоди, попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа утре попладне повторно ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, додека во четврток атмосферата ќе биде постабилна иако не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен дожд. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст, особено во четврток кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во петок, особено попладне и во вечерните часови.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

