Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки
Агровести

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Објавено 23/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и безоловното гориво споредено со која било земја од регионот, а потрошувачката е зголемена за околу 150 000 литри на ден.

Според премиерот, многу граѓани од соседните држави полнат гориво на нашите бензински пумпи. Притоа, притисокот е најголем на западната (Охрид, Струга, Дебар), јужната (Битола, Гевгелија) и северната (Куманово) граница. 

Мицкоски потенцира и дека Владата во однос на горивата одлучила да презема поробусна интервенција која, како што објасни, ќе спречи драматично поскапување кое би удрило по стандардот на граѓаните.

– Имаме уште неколку мерки, но внимателно ја следиме сиртуацијата. Граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Имаме предизивци, но електро-енергетската состојба е исклучително стабилна и снабдувањето со нафта и нафтени деривати е исклучително стабилно. Во овој момент, ги задоволуваме домашните потреби. Како земја имаме најниски давачки кон Владата кога станува збор за бензините и  дизел горивото. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите и дојдовме до заклучок дека ако интервенираме во акцизите тогаш намалувањето за безнините ќе беше еден денар за литар, а за дизелот два денара. Затоа се одлучивме за поробусна интервенција со која се намалуваат цените за околу 6,5 – 7 денари за литар. Сакавме поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема драматично зголемување кое би удрило по стандардот, напомена Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово. 

Тој потсети дека на вчершаната седница Владата донесе одлука да прогласи кризна состојба од 30 дена и да го намали ДДВ-то на горивата од 18 на 10 отсто.

-Ние сме една од ретките влади во Европа кои директно од Буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните и така ќе продолжиме. Тоа за нас е најголем интерес и приоритет и тоа е целта на една народна влада како оваа, истакна премиерот.

Досега, информира, не е реализиран разговор со раководството на ОКТА.

-За тоа е задолжена министерката за енергетика. До овој момент немам информација дека е реализиран тој разговор. Очекувам денеска тоа да се разлизира и очекувам разбирање од ОКТА. Сега се моментите да си помогнеме едни на други, порача Мицкоски.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:200 000 еврагориватаграѓанитезаштедаМицкоски
Претходен напис Недостигот од „син дизел“ предизвика паника кај хрватските земјоделци
Следен напис РКЕ го смени правилникот за формирање на цените на горивата: Може да се одлучува на дневно ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?