Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, се спречува енормниот скок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, се спречува енормниот скок
Агровести

Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, се спречува енормниот скок

Објавено 23/03/2026
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, информира денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, по владината седница, посветена на мерките за ублажување на ценовниот скок на горивата. Мицкоски нагласи дека донесена е и одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија, со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките.

Со одлуката на Владата, почнувајќи од денеска (понеделник) на полноќ ДДВ-то за нафтените деривати се намалува во наредните две недели од 18 на 10 отсто што значи намалување на цената на горивата од 6 до 7 денари по литар. Оваа мерка, како што појасни Мицкоски ќе трае во следните две недели, а во зависност од тоа како ќе се одвива состојбата, ќе биде продолжувана, доколку е потребно. Се очекува, како што рече, РКЕ утре да донесе нова одлука за повисоки цени на горивата.

-Имајќи го превид ова очекуваме дека врз основа на овие пресметки одлуката на РКЕ би била зголемување на бензините 95 и 98 октани од 86,5, односно 88,5 денари на 93 односно 95 денари, а на дизел горивото од 92 на 102,5 денари. Како одговорна Влада и Влада којашто се грижи за стандардот на граѓаните, но и целокупната состојба на државата, денеска на Владина седница донесовме одлука да се намали данокот на додадена вредност на бензините и дизел горивото од 18 отст на 10 отсто и доколку ова се земе во превид тогаш очекуваме цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар. Имајќи превид дека веќе разговаравме со ОКТА и таму одобрија попуст по 2 денари по литар, а очекувам дека во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно рабат коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници, тогаш очекувам да во суштина имаме и пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ којашто би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи оти очекува Регулаторната комисија утре да ја има предвид оваа одлука на Владата и дека нема значително да ја зголеми цената на бензините, туку ќе се движи во рамки на пресметките согласно вообичаената методологија.

-На тој начин, цените на бензините би се движеле зависно од тоа дали ги користиме попустите од ОКТА или не, од  1,37 до 1,40 евра за литар за 95-октанскиот бензин, за 98-октанскиот од 1,40 до 1,44 евра за литар, а за дизелот од 1,52 до 1,55 евра за литар, што е убедливо најниска цена на горивата во регионот, нагласи Мицкоски.

Истакна дека со овие мерки Македонија убедливо ќе има најниска цена на горивата во регионот, а според овие цени и едни од најниските цени неколку во Европа имајќи предвид дека во соседна Србија 95 октанскиот премиум и обичниот 95 октански се движат после усогласувањето коешто беше објавено во петокот од 1,6 евра до 1,83 евра по литар, 100 октанскиот од 1,77 до 1,87, а дизелот 1,8 евра по литар што е отприлика за триесетина евроценти по литар поскап отколку кај нас.

-Да речеме во Хрватска каде што ќе има согласување во вторник и се очекува во нагорна линија да одат цените, во моментов дизелот е, во зависност од бензинската станица од 1,55 до 2 евра по литар што е повторно за нешто повеќе од тоа што е кај нас, од тие што се 2 евра по литар отприлика за половина евро по литар поскап отколку кај нас. Во Грција и Албанија состојбата е слична, таму безоловниот 95 и дизелот се 1,9 евра што ќе каже некаде 40 евро центи по литар повеќе отколку кај нас, а во Косово е последната од пред 6 дена е над 1,6 евра по литар дизелот така што кога сето ова ќе се заокружи тогаш можеме да дојдеме до заклучок дека очекуваме да нема зголемување на цената на безоловниот бензин, односно 95 и 98, и многу минимално за дизел горивото со тоа што Владата директно од буџетот учествува врз подобрување врз подобрување на стандардот на граѓаните, односно со намалување на ставката на ДДВ од 18 на десет отсто се грижиме за стандардот на граѓаните, нагласи премиерот. 

Со овие мерки, нагласи тој, на граѓаните им заштедуваат околу 200 илјади евра дневно, односно околу 1,5 милиони евра неделно, имајќи предвид дека просечната потрошувачка изнесува околу 1.600.000 литри, од кои 1.200.000 литри или 75 отсто се дизел, а останатите 400.000 литри се бензини.

Тој нагласи и дека поради тоа што што имаме убедливо најниски цени во регионот, се јавува притисок од соседните земји, односно граѓани оттаму доаѓаат кај нас и точат гориво. Мицкоски нагласи дека според информациите со кои располагаат потрошувачката е зголемена за околу девет отсто од вообичаената, односно за околу 150 илјади литри дополнително, кои ги точат граѓани од соседните држави, а најголем притисок има на пограничните места во Дебар, Струга, Охрид, Битола, Гевгелија и Куманово.

-Имаме план, не само со еден или два чекора, туку со цела низа разработени сценарија, доколку кризата се влоши или продолжи. Нашите пресметки покажуваат дека, доколку Владата не интервенираше. Регулаторната комисија во понеделник ќе донесеше одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари, што ќе значеше дополнително оптоварување за граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека во услови на глобална криза, државата не смее да биде дополнителен товар и додаде дека Владата директно им излегува во пресрет на граѓаните и бизнисите кои веќе го чувствуваат притисокот.

-Овие одлуки се директен одговор на барањата и реалните потреби на граѓаните и компаниите. Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија. Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат и цените на храната, транспортот и услугите, нагласи премиерот.

Мицкоски истакна дека Владата јасно повикува на одговорен однос од трговците и производителите.

-Во време на криза, никој нема право да гради профит на грбот на граѓаните. Ќе има засилени контроли на пазарот. Секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или брза заработка во овие услови ќе биде откриен, разобличен и санкциониран. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата, рече премиерот.

Тој посочи дека нашата држава не е исклучок од кризата што се случува и која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток.

-Сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од зголемување на цената на електричната енергија. Поскапувањето на горивата претставува значаен инпут и директен удар врз семејните буџети на граѓаните. Слободниот проток на нафта е нарушен. Постојат држави кои се соочуваат не само со ценовни шокови, туку и со недостиг на нафтени деривати за нормално функционирање на нивните системи. Македонија е дел од европскиот и светскиот синџир, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата будно ја следи состојбата и постојано е во координација со сите засегнати страни и дистрибутери на овие деривати. Додаде дека и покрај ваквите околности, мораме да бидеме свесни дека Македонија има едни од најниските цени на дериватите во регионот – пониски од Србија, Косово, Хрватска, Бугарија, Грција, Словенија и други држави.

-Но, секое зголемување на цените на горивата претставува сериозен товар за секој семеен буџет. Како премиер, но и како човек кој ги разбирам потребите на граѓаните, сакам да потенцирам дека Владата ќе делува секогаш кога за тоа ќе има простор, нагласи премиерот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДДВ за гориватаМицкоскинамалувањеодлука
Претходен напис Прв состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора
Следен напис ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?