Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Колкави се казните за откупувачите кои не ги почитуваат законите за откуп на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Колкави се казните за откупувачите кои не ги почитуваат законите за откуп на земјоделски производи
Агровести

Колкави се казните за откупувачите кои не ги почитуваат законите за откуп на земјоделски производи

Објавено 18/03/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според член 165 од ЗЗРР (Службен Весник на Р. Македонија бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022, 65/2023 и 218/2024)

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:

– врши откуп на земјоделски производи без да е запишан во Регистарот на откупувачи член 31 став (2)), според кој откуп на земјоделски производи можат да вршат само правни лица кои се регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи и запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи што се води при Министерството.

– врши откуп на откупно место спротивно на членот 31 ставови (3) и (4) од овој закон, односно

 (3) Откупот на земјоделски производи се врши само на откупни места одредени од откупувачот кои ги исполнуваат условите согласно со членовите 31, 32, 33 и 34 од овој закон и за кои го известил Министерството во рок од најмалку 30 дена пред почетокот на откупот на предвиденото откупно место.

(4) На секое откупно место задолжително се истакнуваат цените за секоја категорија на квалитет на земјоделските производи кои се предмет на откуп и тоа најмалку десет дена пред започнувањето на откупот на земјоделските производи, а по започнување на откупот на секој седми ден се истакнуваат минималните цени по земјоделски производ и/или класа според кои ќе се врши откупот наредните седум дена.

– врши откуп на земјоделски производи спротивно на членот 31 ставови (5) и (6) од овој закон,

(5) Откупот се врши со писмен договор за производна година склучен за минимум 50% од реализираните количини, најмалку 45 дена пред вршењето на откупот и писмен договор склучен на местото на откуп за останатите количини, по цени истакнати согласно со ставот (4) на овој член или по повисоки цени во форма и содржина согласно со членот 32 од овој закон.

(6) Покрај условите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член откупувачите треба да ги исполнуваат и следниве услови: – да имаат соодветна големина на правното лице и шифра на дејност, – да имаат ликвидност во смисла на расположливи финансиски средства за откуп на земјоделски производи, – солвентност во смисла на намирени обврски за откуп на земјоделски производи, – да располагаат со соодветни објекти за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производ и опремата и – да имаат склучени договори за трговија на големо на откупените земјоделски производи, доколку откупот го вршат правни лица кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи

– не ги достави податоците согласно со членот 31 став (8) од овој закон,

(8) Откупувачот е должен најдоцна до 31 март во тековната година до Министерството да достави податоци за планираните количини за откуп на земјоделски производи до 31 март наредната година, како и податоци за реализиран откуп за претходната година.

– не изврши исплата на откупените земјоделски производи согласно со членот 32 ставови (4) и (5) од овој закон,

(4) На секое откупно место задолжително се истакнуваат цените за секоја категорија на квалитет на земјоделските производи кои се предмет на откуп и тоа најмалку десет дена пред започнувањето на откупот на земјоделските производи, а по започнување на откупот на секој седми ден се истакнуваат минималните цени по земјоделски производ и/или класа според кои ќе се врши откупот наредните седум дена.

(5) Откупот се врши со писмен договор за производна година склучен за минимум 50% од реализираните количини, најмалку 45 дена пред вршењето на откупот и писмен договор склучен на местото на откуп за останатите количини, по цени истакнати согласно со ставот (4) на овој член или по повисоки цени во форма и содржина согласно со членот 32 од овој закон.

– изврши измена на договорот за откуп на земјоделски производи спротивно на членот 32 став (7) од овој закон,

(7) Измена на договорот од ставот (1) на овој член договорните страни можат да извршат најдоцна десет дена пред предавање на производот од договорот

– склучи договор за откуп на земјоделски производи спротивно на членот 32 став (8) од овој закон,

(8) Производителот не смее да склучува договор за количини на даден земјоделски производ за кои има склучено договор со друг откупувач.

– не ја пријави промената согласно со членот 34 став (3) од овој закон и

(3) За промените од ставот (2) на овој член регистрираните откупувачи се должни да го известат Министерството во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.

– увезува земјоделски производи без да е запишано во Регистарот на увозници на одделни земјоделски производи (член 36 став (1)).

(1) Правните лица кои увезуваат одделни земјоделски производи (во натамошниот текст: увозници) со цел да ги продаваат во првобитна, доработена или во преработена форма се регистрираат во Регистарот на увозници на одделни земјоделски производи.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член.

(3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност во траење до 30 дена.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:законитеЗемјоделски производиказниоткупоткупувачите
Претходен напис Подготовка на пластениците пред расадување на градинарските култури
Следен напис Во Кина роботите ги заменија и сообраќајните полицајци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?