Во текот на оваа недела, како и во текот на целиот пост, не треба да се зборуваат лоши зборови, дури ни во шега, и треба да се посветите на работата, пишува српски Информер.
Средопосната недела, четврта по ред, е токму во средината на Великиот пост. Од понеделник до петок, треба да се пости на вода, додека масло е дозволено во сабота и недела.
Оваа недела е време да се прегледа претходниот пост и поттик за преостанатиот дел од постот.
За потсетување, велигденскиот пост трае 7 недели – до 12 април 2026 година.
Духовниот пост е подеднакво важен како и физичкиот пост
Покрај телесниот пост, посебен акцент се става на духовниот пост – воздржување од лоши мисли, дела и зборови.
Исто така, се препорачува секој ден да ја кажувате оваа молитва:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“.
