Претседателот на Здружението на трговци со нафта на Косово, Фадиљ Берјани, објави дека од денес цените на горивата, во зависност од компаниите, се движат од 1,53 до 1,6 евра за литар евро-дизел, додека цената на бензинот е од 1,34 до 1,38 евра за литар.
Според него, големопродажната цена на нафтата е 1,54 евра за литар, објавија приштинските медиуми.
Тој изјави дека зголемувањето на цената на горивото продолжува поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Министерството за трговија, индустрија и претприемништво на Косово усвои правилник за утврдување на трговската маржа, кој предвидува маржа на профит од два центи за големопродажба и 12 центи по литар за малопродажба.
