Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јапонија почнува со ослободување нафта од резерви поради затворањето на Ормускиот теснец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јапонија почнува со ослободување нафта од резерви поради затворањето на Ормускиот теснец
Агровести

Јапонија почнува со ослободување нафта од резерви поради затворањето на Ормускиот теснец

Објавено 16/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јапонија денеска ќе почне со ослободување на нафта од своите стоковни резерви, бидејќи се очекува увозот на сурова нафта значително да се намали од крајот на март поради затворањето на Ормускиот теснец, кој е клучен за транспорт на нафта на светскиот пазар, изјави денеска главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара.

– Планираме да вложиме напори за (нафтата од стоковните резерви) непречено да циркулира на пазарот – рече Кихара, пренесува агенцијата Кјодо.

Тој додаде дека владата „ќе продолжи да ги презема сите можни чекори за да обезбеди стабилно снабдување со енергија, преку меѓународна координација и без исклучување на какви било опции“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) вчера соопшти дека „наскоро ќе почне“ планираното координирано ослободување на нафта од стоковните резерви од страна на нејзините 32 земји-членки, вклучувајќи ја и Јапонија. Минатата недела беше соопштено дека земјите ќе стават на пазарот 400 милиони барели нафта, како одговор на прекините настанати поради конфликтот на Блискиот Исток.

Јапонската влада ќе ги намали задолжителните 70-дневни резерви за рафинериите за нафта и трговските компании, според јапонскиот закон за складирање нафта, на 55 дена, а минатата недела јапонската премиерка Санае Такаичи соопшти дека од стоковните резерви ќе бидат достапни околу 80 милиони барели нафта, што е најголемата количина досега ослободена од стоковните резерви.

Таа количина нафта е еквивалентна на 45 дена домашна потрошувачка и е 1,8 пати поголема од онаа што беше ослободена од стоковните резерви по разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година, кои го опустошија североисточниот дел на Јапонија.

Заклучно со крајот на 2025 година, Јапонија имаше резерви од приближно 470 милиони барели нафта, што е еквивалентно на 254 дена домашна потрошувачка, од кои 146 дена беа во државна сопственост, 101 ден во приватниот сектор, а остатокот заеднички го складираат земјите производители на нафта. Ова е седми пат како се користат јапонските резерви на нафта, од почетокот на системот за резерви во 1970-тите.

Јапонија увезува повеќе од 90 отсто од својата сурова нафта од Блискиот Исток, што ја прави многу ранлива на затворањето на Ормускиот теснец, кое го спречи транспортот на нафта и гас од добавувачите во Персискиот Залив, и наглиот пораст на цените на суровата нафта од почетокот на војната на Блискиот Исток на 28 февруари.

МИА

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:ЈапонијанафтаОрмускиот теснецослободување
Претходен напис Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел
Следен напис Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје – Зајчев Рид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?