Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Плодоносните гранчиња кај кајсијата – клуч за стабилен и квалитетен род
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Плодоносните гранчиња кај кајсијата – клуч за стабилен и квалитетен род
Агровести

Плодоносните гранчиња кај кајсијата – клуч за стабилен и квалитетен род

Објавено 13/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високите температури во текот на зимата и раната пролет можат да предизвикаат предвремено цветање кај кајсијата, при што цветните пупки стануваат чувствителни на ниските утрински температури и појава на доцни пролетни мразови. Поради тоа, дел од плодните гранчиња може да останат без род. За да се обезбеди стабилен и квалитетен принос, при кастрењето е важно да се зачуваат различни категории плодоносни гранки. Кајсијата формира цветни пупки на едногодишни гранки со различна должина, кои излегуваат од двегодишно или постаро дрво. Класификацијата на овие гранки се базира на нивната должина и на условите во кои се развиваат, како и на применетата агротехника (ѓубрење, наводнување), начинот на кастрење и сортните карактеристики.

Кај кајсијата се разликуваат неколку видови плодоносни гранки: кратки гранки во форма на мајски букети, родни (типични) гранки, мешани родни гранки и предвремено родни гранки. Кратките гранки, познати како мајски букети, се развиваат на двегодишно или постаро дрво и обично носат неколку цветни пупки и една вегетативна пупка. Тие најчесто се формираат кај дрвја со послаб раст, при послаба агротехника и без редовно кастрење. Овие гранки најрано ја завршуваат вегетацијата и затоа најрано цветаат, при што периодот на цветање е краток. Поради тоа, тие се најизложени на ризик од измрзнување при појава на пролетни мразови. Родните гранки се со должина од околу 15–20 cm и носат цветни пупки долж поголемиот дел од гранката, освен на врвот и во основата, каде што се развиваат вегетативни пупки. На овие гранки се формираат плодови со нешто помал квалитет и со подоцнежно зреење. Мешаните родни гранки се најквалитетниот вид плодоносни гранки кај кајсијата. Тие се долги околу 30–50 cm и содржат мешани пупки, цветни и листни. Поради подолгиот период на раст, тие подоцна влегуваат во фаза на цветање, а самото цветање е постепено. Токму поради тоа, овие гранки се помалку чувствителни на краткотрајни пролетни мразови и најчесто обезбедуваат најквалитетен род. Предвремено родните гранки се формираат во услови на продолжен раст на младите изданоци или по повторен раст по летна стагнација на вегетацијата. Тие се пократки и најчесто носат цветни пупки. Кај одредени сорти, овие гранки можат да дадат многу висок принос. Со рано летно кастрење, во период од средината на мај до средината на јуни, може да се стимулира нивно формирање. Со скратување на бујните млади изданоци се поттикнува развој на повеќе мешани и предвремено родни гранки. Поради различното време на цветање и различната отпорност на ниски температури, сите категории плодоносни гранки имаат одредено значење за формирањето на родот кај кајсијата. Затоа, при кастрењето е потребно да се зачува нивната рамнотежа во круната, со цел да се обезбеди постабилен и посигурен принос.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кајсијатаквалитетен родклучПлодоносните гранчиња
Претходен напис Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака
Следен напис АФПЗРР: Исплатени субвенции за ПЧЕЛАРСТВО!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?