Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на овошје, зеленчук, култивирани печурки и трпезно грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на овошје, зеленчук, култивирани печурки и трпезно грозје
Јавни огласи и повици

Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на овошје, зеленчук, култивирани печурки и трпезно грозје

Објавено 14/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 31 став 7 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11 и 126/12), министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПУВАЧИТЕ
НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ
ОТКУПНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Член 8

(1) Откупот на овошје, зеленчук, култивирани печурки и трпезно грозје се врши на мобилно откупно место, постојано откупно место и во преработувачки капацитети.

(2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови:

а) доколку откупот се врши на мобилно откупно место за збирен откуп заради групирање на земјоделските производи треба особено да располага со:

– посебно организираното место кое е на рамна, оцедна и тврда површина или специјално израмнета и припремена површина која овозможува непречен пристап на превозните средства за дотур, мерење и утовар, и со површина од најмалку 30 м² по една мобилна вага со капацитет за мерење над 200 кг или 100 м² по една статична вага со капацитет на мерење до 50 тони;

– мобилна вага со капацитет на мерење над 200 кг или статична вага со капацитет на мерење до 50 тони;

– покриено транспортно средство за превоз на помало растојание (до 200 км) или транспортното средство треба да е опремено со разладни уреди доколку транспортот се врши на поголема одалеченост (над 200 км).

б) доколку откупот се врши на постојано откупно место треба особено да располага со:

– постојаното откупно место да биде со вкупна површина од најмалку 200 m², а складишниот простор не помал од 50 m².

– отворен простор покриен со настрешница за истовар и мерење или затворен предмагацински простор за преземање;

– организиран простор за чистење, сортирање и калибрирање, складирање и чување;

– мобилна вага со капацитет за мерење над 200 кг. или статична вага со капацитет за мерење до 50 тони;

– опрема за ладење и вентилација, чистење, за сортирање и калибрирање, за детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали, опрема за манипулација, утовар и истовар (виљушкари, колички);

– ладилник за подолго чување на земјоделските производи од став (1) на овој член кои брзо се засушуваат или губат вода со транспирација и/или склад и опрема за дозревање;

в) доколку откупот се врши во преработувачки капацитети треба особено да располага со:

-отворен простор покриен со настрешница за истовар и мерење или затворен предмагацински простор за преземање;

-организиран простор за чистење, сортирање, складирање и чување;

-мобилна вага со капацитет за мерење над 200 кг. или статична вага со капацитет за мерење до 50 тони;

-опрема за чистење, опрема за манипулација, утовар и истовар (виљушкари, колички);

г) доколку откупот се врши на мобилно откупно место директно од земјоделско стопанство откупувачот треба да ги исполнува условите од точка а) алинеи 2 и 3 од овој став.

(3) Во случај на откуп на трпезно грозје за подолго чување покрај условите од став (2) точка б) од овој член, откупувачот треба да располага и со: комора или тунели за предладење или вагон ладилници или вакум комори за предладење и со специјални апарати за фумигација со SO2, опрема за безбедно вршење на фумигација (заштитни маски за SO2), инструменти за мерење на SO2 и децимална вага, ладилник за чување.

(4) Во случај на откуп на печурки покрај условите од став (2) точка а) и б) од овој член откупувачот треба да располага и со ладилник.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Србија: Се очекува 1.5 милиони тони овошје – кајсиите и црешите никогаш не биле подобри
КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
Презентација на ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач
Таг:зеленчуковошјеоткуптони
Претходен напис Цените на нафтата растат на светските пазари – барелот WTI се приближува до 100 долари
Следен напис Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за жита и маслодјни семиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?