Согласно Законот за земјоделство и рурален развој една фирма за да може да врши откуп на земјоделски производи, треба да ги исполнува следниве услови:
а) Да е регистриран за вршење на соодветна дејност за:
– преработка на земјоделски производи согласно Законот за безбедност на храна и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, односно колење на фармски животни согласно Законот за ветеринарно јавно здравство,
– преработка на винско грозје во смисла на производство на вино согласно Законот за вино,
– трговија на големо со земјоделски производи согласно Законот за трговија или Закон за трговски друштва или
– одгледување на жив добиток согласно Законот за ветеринарно здравство упишано во Единствениот регистар за земјоделски стопанства;
б) Да биде во рангот на микро, мало, средно или големо претпријатие согласно Закон за земјоделство и рурален развој, со најмалку две вработени лица на неопределено време;
в) да има позитивен показател за ликвидност од економско финансиското работење;
г) да има целосно намирени обврски од реализираниот откуп на количините на земјоделските производи по договори за откуп на земјоделски производи чиј рок на исплата доспева најдоцна до 31-ви март во тековната година;
д) да има склучен договор за трговија на големо за понатамошна продажба на откупените земјоделски производи на преработувачки капацитет доколку откупот го вршат откупувачи кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи;
ѓ) да располагаат со соодветни објекти и опрема за откуп на земјоделските производи кои ги исполнуваат минимално-техничките услови согласно важечки прописи и одредбите од овој правилник и
е) мерните инструменти кои ги користи за утврдување на тежината, шеќерни единици и квалитетот на земјоделските производи кои се предмет на откуп, се во исправна состојба и верифицирани согласно важечките прописи за метрологија. ж) доколку откупувачот не врши откуп директно од земјоделски производители треба да ги исполнува условите од став 1 точки а,б, в, г, и д на овој член.
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf
