Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои услови треба да ги исполнуваат ОТКУПНИТЕ МЕСТА на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Кои услови треба да ги исполнуваат ОТКУПНИТЕ МЕСТА на земјоделски производи
Јавни огласи и повици

Кои услови треба да ги исполнуваат ОТКУПНИТЕ МЕСТА на земјоделски производи

Објавено 13/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 31 став 7 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11 и 126/12), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПУВАЧИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи.

Член 2

Поблиските услови од член 1 од овој правилник се однесуваат на откупот на следните земјоделски производи: жита, маслодајни семиња, жив добиток, сурово млеко, овошје, со исклучок на шумски плодови, зеленчук, култивирани печурки, трпезно, винско грозје и мед.

Член 3

Одделни поими и изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење:

1. Откупно место е место каде откупувачот врши физичко превземање на земјоделските производи од член 2 од овој правилник, од производителите или трговците на големо заради трговија на големо, преработка или за сопствени потреби, организирано на начин со кој најмалку се обезбедува мерење, утврдување на квалитетот и привремено чување на превземениот земјоделски производ и можат да бидат:

а) Мобилно откупно место е место каде што се врши откуп на земјоделски производи директно од земјоделското стопанство, односно од одгледувалиште на жив добиток; или посебно организирано место за збирен откуп заради групирање на земјоделските производи или живиот добиток од различни земјоделски стопанства или одгледувалишта на жив добиток, и за кое откупувачот обезбедил согласност од надлежниот орган на општината и општините на градот Скопје за одредено време, доколку откупот се врши на јавна површина.

б) Постојано откупно место е посебно организирано место за збирен откуп заштитен од надворешни влијанија кој ги исполнува минимално-техничките услови за магацини и складови согласно Законот за трговија и/или согласно Законот за безбедност на храната и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната и/или Законот за ветеринарно јавно здравство односно добиточен пазар за жив добиток кој ги исполнува условите согласно Законот за ветеринарно здравство

в)Откупно место во состав на преработувачки капацитети, кланици или одгледувалиште на добиток е место каде се врши откуп на земјоделски производи наменети за преработка, колење или за исхрана на добиток.

2.Откупувач е правно лице кое врши откуп/купување на земјоделските производи опфатени со овој правилник.

3.Под располагање се подразбира сопственост или право на користење на објекти и опрема, вклучително транспортни средства, врз основа на договор за закуп или договор за користење или договор за транспортни услуги, доколку се направи видливо разграничување помеѓу субјектите.

4.Откуп за сопствени потреби е откуп на жита и маслодајни семиња наменети за исхрана на добиток од страна на одгледувалиште од точка 1 в) од овој член со големина на стадо над 20 млечни крави, над 200 овци, над 200 кози, над 200 свињи за тов или над 2.000 несилки.

5.Посебно организирано место за збирен откуп претставува отворен простор за откуп одобрен од надлежниот орган на локалната самоуправа или градот Скопје и во надлежниот орган за трговија која е природно рамна, оцедна и тврда или специјално израмнета и припремена површина за непречен пристап на превозните средства за дотур, мерење и утовар на земјоделските производи кои се откупуваат со површина за мерење од најмалку 30 м² по една мобилна вага со капацитет за мерење до 1000 кг или најмалку 100 м² по една статична вага со капацитет на мерење до 50 тони.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Таг:исполнувањеоткупправилник
Претходен напис Услови кои треба да ги исполнуваат откупните места за ВИНСКО ГРОЗЈЕ
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?