Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на нафтата, нема опасност од недостиг
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на нафтата, нема опасност од недостиг
Агровести

Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на нафтата, нема опасност од недостиг

Објавено 10/03/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија е држава со убедливо најниска цена на нафтата и во моментот нема опасност од недостиг. Владата продолжува да ја следи состојбата и не гледа потреба од прогласување кризна состојба, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени за стабилизација на цената на нафтените деривати, по направениот увид на изградба на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево, тој направи споредба со цените на дизел горивото со земјите во соседството.

По вчерашното нивелирање на цената од страна на Регулаторна комисија за енергетика, тој појасни дека литар дизел гориво чини 1,39 евра, во соседна Албанија е 1,79 евра, што е околу 30 проценти поскапо, во Србија цената е 1,73 евра или 25 проценти повисока од Македонија. Во Косово цената варира, но, според премиерот, достигнува до 1,51 евроценти, што е околу 10 проценти поскапо од кај нас. Во Грција е 1,59 евра или 15 проценти повисока додека во Бугарија е 1,41 евра. 

– Како држава имаме убедливо најниска цена на нафта и тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини се создава притисок од соседството, бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво и затоа се случува на некои бензински пумпи побргу од тоа што е очекувано да снема гориво, но тоа брзо се надоместува, рече Мицкоски. 

Тој нагласи дека Државниот пазарен инспектор е континуирано на терен и оти нема прекини во снабдувањето, но и оти е логично да има притисок во западниот дел од државата. 

– Очекуваме притисок и периодот кој што следи, но имаме доволно количини. Разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментот нема опасност од каков било недостиг, така што ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Можеби условно кажано, добра вест е што утринава, од тоа што можев да го видам и Брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигна пикот од 120 долара за барел, денеска тргуваат за некаде 90-тина долари за барел, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека ќе реагираат согласно развојот на настаните.

Тој најави за утре состанок со сопствениците на ланците супермаркети и хипермаркети.

Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки, истакна претседателот на Владата. 

Комисијата за заштита на конкуренција и Државниот пазарен инспекторат, нагласи, ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и големо и врз основа на нивното однесување, така и Владата ќе се однесува. 

– Очекуваме тие да имаат фер однос кон граѓаните за и ние како Влада да бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментот, додаде Мицкоски. 

Во однос на предложените мерки од страна на лидерот на СДСМ за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата, Мицкоски рече дека се несериозни, неточни и непрецизни.

– Во еден момент ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност и така натаму, па не враќаат во едни други времиња на соцболшевизам и еден вид на таква економија. Затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економија во Македонија, луѓе кои што буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата. И понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некои прашања, рече Мицкоски. 

МИА

Може да ви се допадне

Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Таг:МакедонијаМицкоскинајниска ценанафтата
Претходен напис Пазарен инспекторат: Не е констатирано криење на залихите на гориво, продолжува инспекцискиот надзор
Следен напис Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?