Денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цените на горивата предизвика долги редици на бензинските пумпи.
Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.
Најголем скок има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.
Видео на следниот линк
