Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стапката на невработеност лани 11,5 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стапката на невработеност лани 11,5 проценти
Агровести

Стапката на невработеност лани 11,5 проценти

Објавено 09/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6,6  проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Активното население брои 796 399 лица,  од кои вработени се 704 617, а невработени 91 782. 
Стапка на активност изнесува 52,5,  на вработеност 46,4, а на невработеност 11,5 отсто. 

Од вкупниот број невработените лица, мажи се 61,4  проценти, а жени 38,6 проценти.

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1,5 проценти споредено со 2024 година. Од нив  57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти жени.

ДЗС посочува дека учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени наведуваат дека се 94 847 лица што е за 11,5 проценти повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48,5 проценти, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,1 проценти во секторот Градежништво.  

Со Законот за работно ангажирање на лица, кој почна да се применува од 1 јануари годинава, Владата очекува формализација на најмалку 18 000 сезонски работници во земјоделството и непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.  Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде сивата економија е најизразена – земјоделство, шумарство, рибарство, сместување, сервисни дејности за храна и активности во домаќинствата. 

– Ако има потреба, ќе бидат проширени дејностите, особено дејноста градежништво, каде е најголемо барањето. Првин да ги видиме ефектите што би ги дал овој закон на крајот од годината. Ќе сублимираме, ќе видиме, ќе имаме состаноци со работодавачите, стопанските комори, секако и со синдикатите,  рече во интервју за МИА заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:11.5 процентиневработеностСтапката
Претходен напис Дизелот поскапува за 14,5 денари, РКЕ ги објави новите цени!
Следен напис Јавен повик за поддршка на микро-проекти за локален економски развој и туризам во Општина Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?