Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поволни временски услови за успешен старт на пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поволни временски услови за успешен старт на пчеларството
Агровести

Поволни временски услови за успешен старт на пчеларството

Објавено 09/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со сончеви денови и температури над 15-тиот степен пчеларите ја отвораат работната сезона и ги прават првите прегледи и анализи за тоа како пчелите ги презимиле изминатите месеци. 

Загуба на единки во нормални рамки, но и променлива јачина на пчелните семејства регистрирале пчелари од дојранскиот регион, каде временските услови засега се поволни.

– Бројната состојба бележи загуба на пчелни семејства во нормални рамки. Променлива е и јачината на семејството, односно има и јаки и слаби семејства, бидејќи првите биле зазимени како стари пчелни формации, а вторите зимата ги пресретнала додека биле во фаза на нуклеус, па не можеле убаво да се развијат. Секако и зимата, иако беше блага и со дождови, не влијаеше многу поволно на пчелните семејства, бидејќи тие скоро цело време беа активни, со што ја трошат и храната и самите себе, па пред да ја дочекаат пролетта угинуваат, вели пчелар од дојранскиот крај кој располага со дваесеттина пчелни сандаци.

Во дојранскиот регион моменталната паша се состои од дренот, бадемот, кајсијата, а пчеларите се едногласни дека ќе вршат пролетна прихрана за да ги зајакнат послабите пчелни семејства. Пролетни температури до 25 степени, со умерени дождови, се идеалните услови на кои пчеларите се надеваат и во кои дрвјата најдобро медоносат, бидејќи обилни дождови го мијат нектарот и поленот.

Слична оценка за стартот на пчеларската сезона даваат и од Сојузот на пчеларски здруженија во Македонија. Велат дека прихраната на пчелите ќе биде една од мерките за поддршка и за успешен старт на нивната работа.

– Сезоната се отвора, временските услови се добри и се подготвуваме за првиот пролетен преглед со што ќе имаме увид до каде е залихата со храна за пчелите. Мора да се напомене дека имаше дојави од колеги пчелари дека уште во есенските месеци имале доста загуби на пчелни семејства. Затоа во овој период најпотребен е полен со цел да се развие пчелното семејство, а него пчелите може да го приберат од првите расцветани дрвја како лешник, бадем, праска, кајсија. Развивање и зацврстување на пчелните семејства во овој период е многу важно за кога ќе стигне вистинската паша, односно кога ќе има се поголем број расцветани растенија да има и пчели работници, вели Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларски здруженија во Македонија.

Тој посочува дека засега климатските промени и нападите од крлежот вароа, за кој постои превентива, но се уште не е пронајден лек за негово сузбивање, остануваат главните проблеми со кои се соочуваат пчеларите, а истото го добил како потврда и од колегите пчелари во Хрватска и Бугарија при неодамнешната работна посета.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:временски условиповолнипчеларствотоуспешен старт
Претходен напис Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот село Лисец – Попова Шапка
Следен напис Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?