Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови обврски за ветеринарите при посети и прегледи на животни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови обврски за ветеринарите при посети и прегледи на животни
АгровестиСточарско производство

Нови обврски за ветеринарите при посети и прегледи на животни

Објавено 29/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради актуелната состојба со вирусот Covid 19, Агенцијата за храна и ветеринарство, преку видео конференција користејќи ја платформата Zoom meeting, минатата недела одржа работилница за едукација на официјалните ветринари и лиценцираните доктори по ветринарна медицина за воведените обврски на ветеринарните друштва кои имаат склучено договор за извршување на активности од јавен интерес за спроведување на активности  за ветеринарни посети со вршење на клинички преглед на одгледувалиштата.

Работилницата, во соработка со проектот ,,Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи,, се одржа од 18 до 20 мај и во нејзини рамки, преку видео конференција, учество земаа 128 доктори по ветеринарна медицина.

Работилницата е дел од првиот модул на серијата  работилници посветени на новата обврска на ветеринарсните друштва за вршење на ветеринарни посети и спроведување на клинички преглед на одгледувалиште.

Како што беше истакнато на работилницата, од новата обврска за ветринарните дрштва се очекува остварување на неколку цели како што се ажурирање на податоците за идентификација и регистрација на животните, спроведување на вонреден попис при појава на сомнеж или потврдување на заразна болест, рано откривање и нотификација на заразни болести. Новата обврска се однесува и на вршење увид во здравствената состојба и благосостојбата на животните на одгледувалиштата, поедноставување на последователните процедури за движење животни (значајно за секое одгледувалиште односно регион  е добивање статус слободно од одредени болести доколку редовно се спроведуваат превентивните мерки и има воспоставено добри биосигурносни мерки).

Новите обврски треба да обезбедат и повисоки стандарди за здравствена заштита и благососотојба на животните и осигурување на јавното здравје и усогласување на операторите – одгледувачите на животни со прописите од областа на ветеринарното здравство.

Во првиот модул на работилницата презентирани беа и образците кои ќе се користат при ветеринарните посети и вршењето на клинички преглед на одгледувалишта за свињи, начинот на внесување на податоци по спроведените ветеринарни посети, како и внесување на податоците од извршениот клинички преглед на одгледувалиште.

Во работилниците кои треба да се одржат следниот период како дел од првиот модул, предвидена е реализација и на неколку обуки кои ќе се однесуваат на ветеринарните посети со клинички преглед во поглед на благосостојбата на одгледувалишта за свињи.

Вториот модул кој според планот ќе се одржи во првата недела на јуни, ќе се однесува на ветеринарните посети со клинички преглед на одгледувалишта  за говеда. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе организира едукативни работилници во рамки на модулите и за другите видови на животни.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ахвВетеринариЕдукација за ветеринарните друштваНови обврски на ветеринарите
Претходен напис Објавен повикот за технолошки развој за брзо прилагодување, достапни 200 милиони денари
Следен напис Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?