На седница на Влада е усвоена Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2026 година
Во продолжение ви ја пренесуваме во целост Програмата објавена во Службен весник бр. 27, 11.февруари 2026 година.
(1)Со оваа програма ќе се реализираат интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последиците од нарушувањата на пазарот предизвикани од зголемувањето на производствените трошоци за производство на земјоделските култури и ниските откупни цени, преку Интервентниот фонд за земјоделство.
(2) Средствата за реализација на оваа програма во износ од 250.000.000,00 денари обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.253/25), Раздел 14004 – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Агенцијата), Потпрограма 21 – Интервентен фонд за земјоделство, ставка 464 – Разни трансфери ќе се користат за следните интервентни мерки:
1. Финансиска подршка во земјоделството 140.000.000,00 денари,
2. Неизмирени обврски по подмерки од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството од 2022, 2023, 2024 и 2025 година 110.000.000,00 денари
Вкупно 250.000.000,00 денари.
Средствата од делот мерка 1 „Финансиска поддршка во земјоделството“ од оваа програма во износ од 140.000.000,00 денари се наменети за релизација на следната подмерка:
1.1. Финансиска поддршка за интервенција во земјоделското производство
1. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за подмерка од мерката 1 „Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства”од Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2026 година, за една или повеќе земјоделски култури, кои имаат пријавено најмалку 0,5 ха обработлива земјоделска површина и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
2.Максимална количина на земјоделски производи која е прифатлива за финансиска поддршка е 100.000 килограми по корисник.
3. Висината на финансиската поддршка изнесува 2 денари по килограм за земјоделски производ, предаден на регистрирани откупувачи и/или преработувачи, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Финансиската поддршка за подмерката 1.1. „ Финансиска поддршка за интервенција во земјоделското производство” од оваа програма, ќе се врши врз основа на податоци за предаден земјоделски производ на регистрирани откупувачи и/или преработувачи кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои до Агенцијата ги доставува Државниот инспекторат за земјоделство за секое земјоделско стопанство одделно, најдоцна до 15 декември 2026 година.
Средствата од табелата мерка 2 „Неизмирени обврски по подмерки од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството од 2022, 2023, 2024 и 2025 година” во износ од 110.000.000,00 денари се наменети за исплата на финансиски средства за неизмирени обврски по подмерките од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството од 2022, 2023, 2024 и 2025 година.
Исплатата на средствата од оваа програма ја врши Агенцијата врз основа на донесено решение за исплата од страна на Агенцијата, најдоцна до 25 декември 2026 година.
