Таканаречените „Антикорона пралини” кои ги дизајнира слаткарот Торстен Рот се појавија во излогот на слаткарницата во германскиот град Ерфрут.
Досетливиот слаткар го привлече вниманието со именување на своите слатки – антикорона. Инаку пралината се состои од мaрципан и фил од лешник. Се прави во различни бои така да го имитира изгледот на вирусот ковид 19.

Идејата за дизајнирање на новата слатка се родила во тек на регионалниот саем, кога посетителите не можеле да дојдат на штандот на слаткарот поради пандемијата. Желбата била на тешката моемнтална ситуација да се одговори со хумор.

Извор: Политика.рс
