Домашните брендови и натаму имаат силна позиција на македонскиот пазар, покажуваат резултатите од истражувањето VALICON TOP BRANDS 2025. Речиси половина од водечките 25 брендови во земјава се од домашно потекло. Во услови на инфлација и променливи потрошувачки навики, граѓаните и понатаму најмногу ги вреднуваат квалитетот, традицијата и довербата.
Во таа конкуренција, на 17. позиција меѓу најсилните брендови во Македонија е и Млекара ЗДРАВЈЕ – Македонска компанија, домашен бренд со производи исклучиво од домашно млеко, играч на европскиот пазар со 44 % зголемен извоз на своите производи. Посебноста е во квалитетната суровина, исклучиво од домашно млеко, најмногу од фармите на ЗК Пелагонија и следењето на модерните технологии и стандардното производство. Квалитетот на сирењето на македонскиот пазар и парчето сирење на трпезата на Европејците е со истиот квалитет и препознатлив вкус.

Истражувањето покажува дека македонските потрошувачи имаат изразена наклонетост кон домашни производи, особено во категориите основни и прехранбени производи, каде што лојалноста кон брендовите се гради со години.

Според методологијата на VALICON, силата на брендот не се мери само преку користење, туку и преку препознатливост, доверба и перцепција за незаменливост.

