Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонците онлајн-плаќаат за интернет или мобилни услуги двојно повеќе од европскиот просек 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонците онлајн-плаќаат за интернет или мобилни услуги двојно повеќе од европскиот просек 
Агровести

Македонците онлајн-плаќаат за интернет или мобилни услуги двојно повеќе од европскиот просек 

Објавено 25/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонските онлајн-купувачи се најактивни во модата и во плаќањето претплати за интернет и мобилни услуги, а мал дел на тој начин купуваат лекови, електроника и апарати за домаќинство, храна и пијалаци – покажува прегледот на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, во кој се анализирани податоците од Евростат, за првото тримесечје од 2024 година.  

Според податоците, 63,2 проценти од македонските интернет-корисници купуваат онлајн, што ја позиционира земјата подобро од другите балкански соседи, освен Србија (65 проценти), но сепак под европскиот просек од 76,6 проценти. 

Речиси 74 проценти правеле нарачки за облека, обувки и модни додатоци, што ја прави модата убедливо најдоминантната категорија, со што државата е над европскиот просек. 

Само 7,7 проценти од македонските онлајн-купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3 проценти во Шведска и 36,6 проценти во Грција. Исто така, онлајн-купувањето електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3 проценти, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6 проценти од купувачите

За разлика од нарачките во категоријата мода, купувањето други производи од страна на македонските интернет-купувачи останува значително ограничено, односно 25,3 проценти купиле спортска опрема, 21,8 процент козметика, убавина или велнес-роизводи, мебел, 12,4 проценти домашни и градинарски производи, 11,4 проценти купиле компјутери, таблети, мобилни телефони или додатоци, а 9,1 проценти детски играчки и производи за нега на деца. Особено ниска е застапеноста на онлајн-купувањето кај средствата за чистење и лична хигиена (7,9 проценти), лековите и додатоците во исхраната (7,7 проценти), храната и пијалаците (7,6 проценти), како и електрониката и апаратите за домаќинство (2,3 процента).

Во делот на услугите, 44,1 проценти од онлајн-купувачите платиле интернет или мобилни услуги онлајн, речиси двојно повеќе од европскиот просек од 22,4 процента. Исто така 33,7 проценти платиле комунални услуги, исто така надминувајќи го европскиот просек од 13,2 проценти, 18,3 проценти од интернет-купувачите направиле резервација за транспорт, 15,5 проценти за хотели, а платените дигитални содржини остануваат слабо застапени, со само 1,4 процент претплати за музички стриминг.

Според Нина Ангеловска-Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија во Северна Македонија, покрај модата и услугите, постои значителен неискористен потенцијал за проширување на онлајн-понудата и во други категории производи. 

– Македонските онлајн-купувачи се најактивни во модата и во плаќањето претплати за интернет и мобилни услуги, каде што онлајн-купувањето е над европскиот просек. Во другите категории, онлајн-купувањето е значително помалку застапено, што укажува на јасен простор за раст. На пример, само 7,7 проценти од македонските онлајн-купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3 проценти во Шведска и 36,6 проценти во Грција. Исто така, онлајн-купувањето електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3 процента, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6 проценти од купувачите – вели во пишана изјава Ангеловска-Станков.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:интернетМакедонцитемобилни услугионлајн
Претходен напис Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
Следен напис Невообичаено високи температури во Европа: До 30 степени во Франција, 20 во Швајцарија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?