Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈПДП: На коридорите 8 и 10 д во декември лани се работело на 11 моста и 10 натпатници, ангажирани 2.098 работници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЈПДП: На коридорите 8 и 10 д во декември лани се работело на 11 моста и 10 натпатници, ангажирани 2.098 работници
Агровести

ЈПДП: На коридорите 8 и 10 д во декември лани се работело на 11 моста и 10 натпатници, ангажирани 2.098 работници

Објавено 24/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, во декември 2025 година биле ангажирани 2.098 работници, како и 1.269 вкупна опрема, покажува извештајот од надзорот за прогрес на работите за декември 2025 година, објавен на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). 

Според извештајот, во декември лани на изведувачот му се исплатени 1.180.803.394 денари. 

На терен вршени се земјени работи на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола. Работите опфаќаат расчистување на теренот, отстранување хумус и ископ на неподобен материјал, ископ на материјал од засеците на трасата и обезбедување материјал за работите преку транспорт и насипување. На местата на кои е потребно преземени се мерки за заштита на косините. Заклучно со минатата година, изведени се над 5 милиони кубни метри ископ и 1,6 милиони кубни метри насип.

Во извештајот е наведено и дека во декември се работело на 11 моста, 10 натпатници и четири потпатници. Заклучно со крајот на 2025 година, изведени се 21.350 метри коловоз, а за конструкции се изведени 63.000 кубни метри бетонски работи. 

Во текот на 2025 година на конзорциумот „Бехтел и Енка“ исплатени му се вкупно 147 милиони евра. За годинава планирани се 103 милиони евра.

Извор МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2.098 работницидекемвриЈПДПкоридорите 8работело
Претходен напис АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH
Следен напис САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?