Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Научници во Кина создадоа нова сорта домати со мирис на пуканки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражување: Научници во Кина создадоа нова сорта домати со мирис на пуканки
Магазин

Истражување: Научници во Кина создадоа нова сорта домати со мирис на пуканки

Објавено 24/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кинески научници развија генетски модифицирана сорта домати со необичен мирис на пуканки, користејќи ја алатката за генетско уредување ЦРИСПР/Цас9  (CRISPR/Cas9) – технологија чиј развој беше награден со Нобелова награда за хемија во 2020 година. Веста беше објавена во весникот  (South China Morning Post).

Доматите со „изненадувачка арома“ се одгледани во експериментална стаклена градина во источната кинеска провинција Чжeџијанг. Според заменик-директорот на Институтот за биотехнолошки истражувања при лабораторијата „Сјангху“, Сју Шенчун, новиот мирис има потенцијал значително да го збогати вкусот на доматите и да ја зголеми нивната пазарна вредност – слично како што ароматичните сорти ориз се повисоко ценети на пазарот.

Истражувањето  објавено во научното списание Џурнал оф Интегрејтив Агрикалчр (Journal of Integrative Agriculture), покажало дека научниците со помош на ЦРИСПР/Цас9 успеале да „замолчат“ два гена кои го потиснуваат создавањето на ароматични соединенија. Како резултат на тоа, доматите почнале да испуштаат мирис што е својствен за  висококвалитетен ароматичен ориз- сличен на аромата на свежо подготвени пуканки со путер.

Според истражувачите, генетската интервенција не влијаела негативно врз приносот. Новиот вид не покажал значајни разлики во однос на времето на цветање, висината на растението, тежината на плодот или содржината на растворливи шеќери и органски материи во споредба со контролните примероци.

Кинеските експерти потсетуваат дека доматите се меѓу најпроизведуваните култури во светот. Сепак, со текот на времето, поради селекција насочена кон повисок принос и подолг рок на траење, вкусот и мирисот постепено се намалувале. Токму затоа, современите истражувања сè повеќе се насочени кон враќање и унапредување на органолептичките својства на овошјето и зеленчукот.

Новата сорта со мирис на пуканки претставува уште еден чекор во обидите науката да ги усогласи високите приноси со подобрени вкусови – комбинација што би можела да има значајно влијание врз иднината на прехранбената индустрија. 

Извор МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ИстражувањеКинамириспуканки
Претходен напис По 13 години пауза, продуктоводот Солун – Скопје подготвен за работа
Следен напис АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?