Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците незадоволни од програмата за субвенциите и предлагаат решенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците незадоволни од програмата за субвенциите и предлагаат решенија
Агровести

Земјоделците незадоволни од програмата за субвенциите и предлагаат решенија

Објавено 17/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При најголем буџет досега, земјоделците имаат најниски субвенции кои се исти 10 години. Освен тоа, условени се и што не оди во прилог на поттикнувањето на малите производители, реагираа земјоделците и фармерите од Националната земјоделска мрежа на денешниот состанок во Прилеп.

Ѓорѓи Каракамишев, претседател на Националната земјоделска мрежа, изјави дека во последните 10 години субвенциите константно се движат околу 100 милиона евра што, рече тој, ним не им ги покриваат ни елементарните потреби.

-Потрагично е што оваа година субвенциите се условени. Кај растителното производство тоа е минимум 0,7 проценти, кај животинското се условени, на пример, со минимум 30 пчелни семејства, минимум 30 овци, 30 кози, минимум три крави. Во ситуација во која се соочуваме со нелојална конкуренција од надвор и имаме увоз од над една милијарда евра, ни доаѓа стока со  дампинг цени и субвенционирана од нивните држави, ние сме неконкурентни. А и откупните цени во државата се околу производната цена или се пониски. Ние мора да го кренеме гласот до надлежните институции. Освен тоа, од сите субвенции, 52 милиона евра се за годинашново производство, а 46 милиони за плаќање на заостанатите субвенции. Ние сме за разговори и сакаме средба. Ако буџетот од 2015 е зголемен за триста проценти, зошто и субвенциите не се зголемени за да имаме конкурентно производство и здрава храна, изјави Каракамишев

Земјоделците бараат разговори и предлагаат годинашнава програма да се укине, да се работи според ланската.

-Од новата програма треба да се прават корекции по сите ставки. За да не се прави тоа, бараме оваа програма да се укине, а да се субвенционираме според програмата од 2025 година. Потоа, во текот на годинава, ќе оформиме работни групи за секоја гранка и заедно со Министерството за земјоделство ќе ги изработиме субвенциите за 2027 година. Од ова предлог-решение сигурно нема да има попаметно и нема да има незадоволни. Така, на пример, за тутунот ќе си остане по 100 денари, за житото како и досега, предложи Миле Кебакоски од здружението „Фармери југозапад“.

https://www.youtube.com/watch?v=KzUsHvfhzIk

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделципрограмасубвенции
Претходен напис Стопанска комора на Северна Македонија: Бизнис Клубот Европа организира Форум „Европската перспектива на македонскиот бизнис“
Следен напис Oткупот и продажбата на земјоделските производи зголемни за 15 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?