Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојбата стабилизирана, нема нови излевања на реките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојбата стабилизирана, нема нови излевања на реките
Агровести

Состојбата стабилизирана, нема нови излевања на реките

Објавено 17/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По обилните врнежи што ја зафатија земјава и предизвикаа излевање на реките и поплавување на домови и земјиште, денеска состојбата е стабилизирана.

Информациите на Центарот за управување со кризи до 08:30 часот покажуваат дека состојбата во најкритичните региони – Тетовскиот и Кичевскиот, е стабилизирана и нема нови излевања на реките и не се пријавени нови поплавувања.
– Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување. На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема, информира ЦУК.
Состојбата е стабилизирана и во Кичевскиот регион каде се бележи континуирано намалување на реките и водотеците.
На 250 лица кои се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“,им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи, а екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.
Во Битолскиот регион, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буквски Мост“ за поплавена куќа, а во ЕЛС – Долнени се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба.
За денеска се најавуваат нови врнежи од дожд, а на повиските места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Вардарпоплавасостојба
Претходен напис Од јули директни летови од Скопје до Алгеро и Палермо во Италија
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?