Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На 26 февруари протест во Крива Паланка поради штетите од неконтролираните говеда
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На 26 февруари протест во Крива Паланка поради штетите од неконтролираните говеда
Агровести

На 26 февруари протест во Крива Паланка поради штетите од неконтролираните говеда

Објавено 16/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка.

Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Од таму велат дека донесените решенија се правосилни и задолжителни за извршување и нивното спроведување не смее да биде доведено во прашање.

„Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, имотните права и јавниот ред и стабилноста во локалната заедница. Целосното и неодложно спроведување на донесените решенија не е прашање на избор, туку законска обврска“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека до нив и понатаму пристигнуваат бројни поплаки и жалби од жителите на месните заедници од селата Дрење, Добровница, Киселица, Голема Црцорија, Трново, Враовиште, Узем, Кркља, Костур, Дурачка Река, Кошари и други околни населени места. Во нив се укажува на уништување на земјоделски култури, пластеници, насади и приватен имот, како и на перцепирано загрозување на безбедноста и зголемени тензии во локалната заедница.

„Општината ја разбира загриженоста на граѓаните и го почитува нивното уставно право на мирно изразување на ставови. Во таа насока, дел од граѓаните најавија организирање мирен протест на 26.02.2026 година, со цел да се укаже на нивната загриженост и да се побара целосно, доследно и навремено спроведување на донесените институционални одлуки. Истовремено, се нагласува потребата за одговорно и законско однесување, со цел решавање на ситуацијата во интерес на сите страни и обезбедување стабилност, безбедност и правна сигурност во локалната заедница. Општина Крива Паланка, заедно со претставниците на 16 месни заедници на својата територија, активно ги следи настаните и ќе преземе сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес“, се наведува во соопштението од општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници на територијата на Општина Крива Паланка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заедницаКрива ПаланкаОпштина
Претходен напис Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања
Следен напис Список на кандидати кои ќе полагаат ловечки испит на 21.02.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?