На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
3.8. Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани бројлери во регистриран кланичен капацитет
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и предадени или заклани бројлери во период од 1 октомври 2025 година до 30 септември 2026 година во регистрирани кланични капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
–Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по бројлер и
– Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на бројот на заклани бројлери и тоа: до 50.000 бројлери 100%, од 50.001 до 350.000 бројлери 75% и над 350.001 бројлери 50%.
Крајниот рок за поднесување на барања е до 5 ноември 2026 година.
