На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
1.12. Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства;
-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство;
-На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
1. да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
2. да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
3. да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и – Потребното одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30 септември 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
2.4. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. од оваа уредба за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели во Агенцијата за храна и ветеринарство и се регистрирани одгледувалишта на пчелни матици во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или се земјоделски стопанства членови на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици и
-Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици. Крајниот рок за поднесување на барања е до 25 декември 2026 година.
2.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. од оваа уредба за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства и
-Висината на директните плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2026 година. Крајниот рок за поднесување на барања е до 25 декември 2026 година.
Извор: Службен весник бр.27, 11.02.2026 год.
