Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Пиењето неколку шолји кафе или чај со кофеин може да помогне за менталните способности и спречувањето деменција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражување: Пиењето неколку шолји кафе или чај со кофеин може да помогне за менталните способности и спречувањето деменција
Магазин

Истражување: Пиењето неколку шолји кафе или чај со кофеин може да помогне за менталните способности и спречувањето деменција

Објавено 10/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на четири децении, научници спровеле истражување направено врз 132.000 возрасни Американци љубители на кафето и чајот. Студијата покажала дека луѓето кои секојдневно пиеле повеќе кафе имале 18 проценти понизок ризик од развој на деменција во споредба со оние кои пиеле помалку. 

Во научниот труд исто така е нагласено дека љубителите, зависници од кафе имале помалку проблеми со меморијата или размислувањето, кои самите ги забележале, во споредба со оние на кои кафето не им е омилен пијалок. Истражувачите забележале ист ефект и по консумирање на чајот, што не било случај и кај безкофеинските пијалоци Сепак, тие напоменале дека, иако наодите се охрабрувачки, самата студија не докажува дека кофеинот помага во заштитата на мозокот.

Според раководителот на истражувањето, Даниел Ванг од Харвард, и да постои позитивен ефект од кофеинот, тој е мал. А постојат и веќе докажани начини за заштита на когнитивните функции при стареење. Меѓу другото, според предходни истражувања, физичката активност, здравата исхрана и добриот сон помагаат за помал ризик од деменција. Според експертите, ефектите по консумирањето на овие пијалоци биле навидливи кај оние кои пиеле од две до три шолји кафе или од една до две шолји чај со кофеин. 

По истражувањето финансирано од Националниот институт за здравје, оние кои пиеле кафе со кофеин, исто така, покажале подобри резултати на некои објективни тестови на когнитивните способности. Но сепак, научниот тим смета дека се потребни дополнителни истражувања за да се проверат факторите и механизмите одговорни за овие наоди. Тие нагласиле дека биолошки активните состојки во кафето или чајот, како кофеинот или полифенолите, се можни фактори кои ја ублажуваат воспаленоста на нервните клетки и штитат од когнитивни проблеми.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:деменцијаИстражувањекофеинменталните способностичајшолји кафе
Претходен напис Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Следен напис Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?