Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок
Агровести

Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок

Објавено 09/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. 

Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на платите од 1500 до 2000 денари.

Наведе дека Владата не ги прифатила укажувањата од меѓународните институции за зголемување на даноците и на старосната граница за пензионирање со цел, како што рече, „да се излезе во пресрет на граѓаните иако наследиле празен буџет“. 

Според Дурмиши, синдикатите претходно велеле дека со актуелното законско решение „засекогаш ќе бидат заштитени правата на работниците“ но оти „сега секојдневно се манипуира со јавноста“. 

Повтори дека Владата ќе поддржи договор меѓу работодавачите и синдикатите за повисока плата, а во однос на барањето државата да ги покрие придонесите при раст на платите посочи дека приватниот сектор добил поддршка во изминатиот период.

– За приватниот сектор сме направиле многу досега и ќе продолжиме да го правиме тоа, преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Оперативниот план, поддршката на мали и средни претпријатија, на конкуренцијата, кредитната линија од 250 милиони евра,… Кога ќе се земат сите овие поддршки можат да вработат и повеќе луѓе и да плаќаат поголеми плати на вработените. За минималната плата има законска рамка, синдикатите и работодавачите ако се договорат ние ќе поддржиме. Но, не и овој дел затоа што од почетокот на владеењето сме направиле поддршка, рече Дурмиши. 

Тој посочи дека со вработените во јавниот сектор е заокружен дијалогот, потсетувајќи дека вчера Владата постигна договор со дел од репрезентативните синдикатите за раст на платите на 11 000 административци, откако претходно тоа се случило со платите во здравството, образованието, одбраната и полицијата.

Тоа покажува дека дијалогот може да функционира кога има подготвеност од двете страни, рече Дурмиши.

Дурмиши најави дека на дневен ред на следната седница на Економско-социјалниот совет ќе биде ставена за дискусија најавената нова методологија за пресметка на потрошувачката кошничка по што ќе се врши пресметка според неа. Методологијата е подготвена и дадена на разгледување кај членките на ЕСС.

– Не сме против синдикалната минимална кошничка, но таму се пресметуваат овошје и зеленчук што не се консумираат во одреден временски период, како и кирија а според регистрацијата на ДЗС, 90 проценти од граѓаните живеат во сопствен дом. Исто така, цените се земаат од два маркета, не од 10 како што правиме ние. Ќе биде реално пресметана и достапна потрошувачка кошничка за целата јавност, рече министерот Дурмиши.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дурмишиплатасиндикат
Претходен напис ФАО објави дека цените на храната се на најниско ниво во последните две години
Следен напис Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?