Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ССМ почнува со најавените блокади, утре ќе го блокира пристапот до Собранието
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ССМ почнува со најавените блокади, утре ќе го блокира пристапот до Собранието
Агровести

ССМ почнува со најавените блокади, утре ќе го блокира пристапот до Собранието

Објавено 09/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на синдикати на Македонија од утре, со блокада на пристапот до македонското Собрание, почнува со најавените блокади на институции кои, како што наведуваат, го кочат зголемувањето на минималната плата. 

Блокадата на македонското Собрание ќе почне во 9 часот при што ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати.  

– Согласно закон, најмалку по 21 човек се потребни на двете локации за да ги блокираме пратениците, но ве покануваме сите што можете да ни се придружите. Блокадата треба да упати порака до пратениците дека тие го блокираат законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот временски период секое семејство е посиромашно за 9.500 денари месечно затоа што вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за толку пари. Пратениците се уште се прават глуви на иницијативата на ССМ за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и за последната иницијатива на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти, односно да си ја намалат основицата за пресметка на плата од просечна на минимална плата и да ги намалат нивните коефициенти на сложеност, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција.

На утрешната блокада ќе присуствува и раководството и членовите на Синдикатот на УПОЗ кои вчера заедно со КСС и со Владата постигнаа договор за зголемување на додатоците на плата за 40 проценти до 2028 година. 

– Утре, Синдикатот на УПОЗ ќе даде поддршка затоа што основната компонента за пресметка на платите во управата и правосудството е минималната плата. Доколку минималната плата се зголеми за 200 евра, нивните плати ќе се зголемат за 200 евра. Но, загрижува тоа што за вработените во полицијата, одбраната и во други институции има предвидено нула проценти, а таму платите се пресметуваат како минимална плата со додатоци на плата, рече Трендафилов. 

Во однос на постигнатиот договор меѓу УПОЗ и Владата, Трендафилов вели дека Синдикатот на УПОЗ извојувал победа затоа што пред една година УПОЗ барал 30 проценти зголемување на додатоците на плата за 3.000 работници, а сега добива 40 проценти за 11.000 работници. 

– Владата, веднаш по големиот работнички протест на 28 јануари, понуди зголемување од 40 проценти за 7.700 работници, а Синдикатот на УПОЗ успеа да земе зголемување за повеќе од 11.000 работници, посочи Трендафилов.

По утрешната блокада, во четврток е најавена блокада на Стопанската комора, а следниот вторник на Владата. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВладаработницисобраниеССМ
Претходен напис Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата 
Следен напис ФАО објави дека цените на храната се на најниско ниво во последните две години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?