Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Европскиот пазар недостасуваат цреши, а сезоната само што започна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > На Европскиот пазар недостасуваат цреши, а сезоната само што започна
Пазари

На Европскиот пазар недостасуваат цреши, а сезоната само што започна

Објавено 26/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Европскиот пазар во моментот недостасуваат цреши, најмногу поради временската состојба во производствените региони на Португалија, Италија, Франција, и Шпанија.

Во шпанската долина Јерта, позната по раскошната убавина на овоштарниците со цреши, започнаа со продажба и извоз на најраните сорти. „ Во последниот месец имавме само проблеми со обилните дождови но и со градот. Минатата недела, дождот паѓаше 6 дена по ред, па раните и средно раните сорти настрадаа. Изгубивме околу 40% од раните и 80 % од средно раните сорти на цреши.“вели Monica Tierno Diaz, директорка на  Agrupacion de Cooperativas.

„За сега немаме спремна испорака се додека бербата не продолжи. Се надеваме дека наскоро ќе набереме доволно квалитетни касни сорти, така да снабдувањето од јуни до крајот на јули ќе биде загарантирано“ вели директорката и напоменува дека поради сето ова цената на црешите на пазарот е доста висока.

После јули конкуренцијата ќе биде поголема  поради зголемениот увоз од Турција

Со оглед на временските услови и пандемијата од корона вирусот, побарувачката за ова овошје е добра.„ Во почетокот го задоволивме пазарот. Но имаме чувство дека потрошувачите бараат сезонски производи“ напоменува Моника и вели дека до сега не почувствувале притисок од конкуренцијата на пазарот, бидејќи ова овошје на полиците во маркетите баш и го нема.

Исто така во јули се очекува поголема конкуренција во средна Европа бидејќи на пазарот би требало да пристигнат цреши од Турција. Имено во таа земја, се очекуваат поголеми приноси бидејќи успеаа да ги избегнат сите тековни проблеми во производството, како што се мразот, градот и сл. за разлика од поголемиот број на производители во Средоземјето.

Помеѓу 50 и 60 % од родот од долината  на Јетра  се извезува, а остатокот се продава на домашниот пазар.„ Ние сма сами на пазарот на Европската унија и Источна Европа, а секоја година сме присутни на пазрот на Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме да работиме на тоа да шпанските цреши успеат да дојдат на кинескиот пазар.“-вели директорката.

Кина се смета за многу профитабилен пазар за овој вид на овошје бидејќи овој производ таму се смета за скапоцена роба. Како добар пример се истакнуваат Чиле и Аргентина на кои Кина им е главен пазар.

Производството на цреши во Шпанија во последните години е стабилно поради фактот дека нема повеќе производствени капацитети иако производителите продолжуваат да ги обновуваат сортите и да ги усовршуваат техниките на одгледување.

Кога станува збор за глобалната продажба на ова овошје во 2018 година таа достигна вредност до 3,1 милијарди американски долари. Вкупната вредност на извезени цреши се зголеми за 61,9 % во сите земји извозници , во споредба со 2014 година.

 Од година во година извозот расте ,а од 2017 до 2018 година се зголеми за 38,6%. Меѓу најдобрите и најбрзорастечките извозници на цреши од 2014 година па наваму се : Хонг Конг со раст од 406,8%, Узбекистан со раст од 192,9%, Азејберџан со раст од 122,2% и Нов Зеланд кој бележи раст од 88,2%. Сепак има и такви водечки земји кои забележаа пад на извозот, а тоа се Грција со -26,4 %, Шпанија со -26% и Австрија со -5,4%.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Ветер од 208 км/ч и поплави: И се заканува ли на Европа колапс на пролетниот пазар на зеленчук?
Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година
Шпанија соопшти за први случаи на африканска чума кај свињи од 1994 година
Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија од 1994 година
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Таг:европски пазарИзвоз на црешицрешиШпанија
Претходен напис Продолжува доста нестабилното време со почести врнежи и грмежи
Следен напис ЕУ има намера да ги зголеми површините за органско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?