До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево со умерена локална облачност.
Локално ќе има нешто повеќе облачност а во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 22 степени.
Во следните денови како што веќе најавивме ќе продолжи доста нестабилното време со почеста појава на врнежи, особено од пладневните часови па натаму. Температурите на воздухот ќе бидат под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното, особено утре и во среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

