Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Закон за работно ангажирање на лица: КАКО СЕ ВРШИ РАБОТНОТО АНГАЖИРАЊЕ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Закон за работно ангажирање на лица: КАКО СЕ ВРШИ РАБОТНОТО АНГАЖИРАЊЕ?
Агровести

Закон за работно ангажирање на лица: КАКО СЕ ВРШИ РАБОТНОТО АНГАЖИРАЊЕ?

Објавено 04/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со новиот Закон за работно ангажирање на лица, краткотрајните работни ангажмани од повремена и сезонска природа се формализираат и се пријавуваат преку надградениот систем е-Работа. Пријавувањето и одјавувањето на работно ангажирани лица е задолжително за секој работодавач кој ангажира лице за ваков вид работа.

КАКО СЕ ВРШИ РАБОТНОТО АНГАЖИРАЊЕ?

Работодавачот е должен пред почетокот на работата да го пријави работниот ангажман преку системот е-Работа, како и навремено да изврши одјава доколку ангажманот не се реализира.

Пред стапување на работа, работодавачот мора да го информира ангажираното лице за:

  • видот и начинот на вршење на работата,
  • местото и времетраењето на ангажманот,
  • условите за безбедност и здравје при работа,
  • дневното и неделното работно време, паузите и одморите,
  • висината, начинот и рокот на исплата на паричниот надоместок.

ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ПРИЈАВИТЕ РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ?

За да пријавите работен ангажман потребно е да навигирате преку системот е-Работа и во делот поднесете пријава да ги пополните следните податоци за работно ангажираното лице:

  • ЕМБГ и број на личен документ
  • Телефонски број или e-mail адреса
  • Бројот на трансакциска сметка

Дополнително за да ја комплетирате пријавата треба да изберете својство во кое ја вршите пријавата, сектор на дејност, вид работа, вкупен надоместок, ангажирани работни часови, како и смена во која се ангажира работно ангажираното лице. За неколку минути воспоставувате формален и фер работен ангажман.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ?

Со ова законско решение се овозможува:

  • лесно и едноставно пријавување на работните ангажмани,
  • формализација на сезонската и повремената работа,
  • задржување на стекнатите права за ангажираните лица од социјална и детска заштита, како и на правото на старосна и семејна пензија,
  • евидентираното невработено лице кое е работно ангажирано не го губи правото на паричен надоместок стекнато по основ на осигурување во случај на невработеност и не се брише од евиденцијата на невработени лица, а студентите и учениците не ги губат правата стекнати по основ на посебните закони од областа на образованието,
  • оствaрeниот паричен надоместок на работно ангажираното лице не влијае врз стекнување, остварување и губење на други права утврдени со посебни закони.

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ РАБОТОДАВАЧ?

Работодавач може да биде физичко или правно лице кое за свои потреби ангажира лица во следните дејности:

  • земјоделство, шумарство и рибарство,
  • објекти за сместување и сервисни дејности за храна,
  • дејности на домаќинство како работодавач.

Ангажирањето е дозволено исклучиво за работи утврдени со Законот и наведени во системот за работно ангажирање.

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ РАБОТНО АНГАЖИРАНО ЛИЦЕ?

Работно ангажирано лице може да биде:

  • лице кое не е во работен однос,
  • вработено или самовработено лице,
  • студент,
  • лице помладо од 18 години (само за дозволени видови работа),
  • корисник на семејна или старосна пензија,
  • странец со регулиран престој согласно закон.

Работното ангажирање не претставува основ за губење на стекнатите социјални права.

ШТО Е ПОВРЕМЕНА И СЕЗОНСКА РАБОТА?

  • Сезонска работа – работа која се врши во одредени периоди од годината поради климатски или природни услови, со ограничен број работни часови или денови.
  • Повремена работа – работа која се врши краткотрајно, повремено или со прекини, во согласност со законските ограничувања.

ДАНОЧНИ И ОСИГУРИТЕЛНИ ОБВРСКИ

Законот ја уредува постапката за пресметка и плаќање на:

  • данок на личен доход,
  • придонес за пензиско и инвалидско осигурување,
  • дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда при работа.

Плаќањето на данокот на личен доход и придонесите се врши преку надградениот систем на Управата за јавни приходи.

Повеќе на следниот линк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ангажманзаконсадење
Претходен напис Царинската управа лани поднела 213 кривични пријави, утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари
Следен напис Мицкоски бара Тошковски жестоко да одговори на заканите и нарушувањето на јавниот ред на протестите организирани од тие кои немаат возачки дозволи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?