Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата од јануарските поплави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата од јануарските поплави
Агровести

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата од јануарските поплави

Објавено 31/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните кои претрпеа штети од поплавите, од понеделник ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за проценка на штета, соопштија од локалната самоуправа.

– Заради природната непогода-поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26 и 27 јануари во населените места, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 од просториите на Општина Струмица, а истото ќе може и да се симне преку линк објавен на општинската веб страница, се наведува во соопштението.

Секое барање треба да биде поднесено со комплетна документација – имотен лист на име на барателот (не постар од 6 месеци), договор за закуп (доколку постои право на закуп) или решение за оставинска постапка, изјава заверена на нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија, копија од лична карта и трансакциска сметка од барателот. Оштетеното или уништеното, ако е објект, мора да е запишано во имотниот лист, ако е земјоделско земјиште мора да е запишано како нива, а ако станува збор за овоштарник да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.

Обилниот дожд од 26 и 27 овој месец најмногу штети предизвика во селото Костурино, каде најдојдените води однесоа 56 овци, една коза и 120 јагниња од бачилото на Никола Колев, како и во селата Муртино и Сачево каде беа поплавени земјоделски површини и дворови.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:граѓанитепонеделникструмичкоштетата
Претходен напис Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила
Следен напис Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?