Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
Агровести

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија

Објавено 27/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици беа попишани за време на зимското пребројување птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД) се реализира секој јануари од 2010 година, како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици.

-Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското Езеро се бележат флуктуации, додека промените на Охридското Езеро се најдинамични. Причините за овие промени ќе се утврдуваат откако ќе се разгледаат сите фактори што би можеле да влијаат на ваквите податоци и во контекст на пребројувањата од другите европски земји, истакнува Данка Узунова, орнитолог и проектна координаторка во МЕД.

Според МЕД, птиците се одличен биолошки индикатор за состојбата на живеалиштата кои ги населуваат и користат. Преку зимското пребројување што се случува синхронизирано во илјадници влажни живеалишта низ светот, се бележат нивното присуство или отсуство и нивната бројност. Притоа, се користат стандардизирани методи за да можат научниците и природозаштитниците да ги следат долгорочните трендови на популациите, да ја проценат меѓународната важност на поединечни водни подрачја и да детектираат промени во состојбата на водните подрачја поради губење на живеалишта, промена во водните режими, загадување и климатски промени.

-На овој начин се обезбедуваат цврсти докази што треба да се земат предвид при креирањето на политиките и мерките за заштита. Вака собраните податоци се корисни и за клучните меѓународни рамки, како што се Рамсарската конвенција за влажни подрачја, Африканско-евроазискиот договор за водни птици (AEWA), директивата на ЕУ за заштита на дивите птици и глобалните индикатори за биодиверзитет, затоа што обезбедуваат една од најсилните долгорочни бази на податоци за биодиверзитет на глобално ниво и претставуваат суштински важен систем за рано предупредување за влошување на состојбата на водните живеалишта, а со тоа и на биодиверзитетот, дополнува Узунова.

Зимското пребројување птици се прави истовремено на целата територија на трите природни езера во сите држави, поради што во него учествуваат и соработници од Националниот парк „Галичица“, Паркот на природата „Езерани“, Друштвото за заштита и зачувување на природната средина од Албанија (PPNEA) и од Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Националниот парк „Езеро Керкини“ од Грција.

Освен што ја координира акцијата на македонската страна и ги обработува собраните податоци, МЕД исто така ги советува и насочува волонтерите во броењето птици.

-Меѓу луѓето кои доаѓаат на терен има научници и професионални истражувачи, но и вљубеници во природата со голема страст за птиците, кои своето слободно време доброволно го поминуваат со нас, на отворено, пред телескоп, со двоглед или фотоапарат в рака. Нивниот придонес е исклучително скапоцен, а за возврат имаат можност да стекнат нови познанства, да си го надградат знаењето и да уживаат во глетките коишто понекогаш се баш несекојдневни, вели Узунова.

Зимското пребројување во земјава е дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици што се случува 60 години, со што се вбројува меѓу најголемите и најдолго спроведуваните програми за граѓанска наука во светот. Од 1967 година до денес, со зимските пребројувања се посетени над 67 000 влажни живеалишта во 189 земји и територии, почнувајќи од крајбрежните области на Северна Европа до тропските речни устија во Азија и Африка. На овој начин досега се евидентирани речиси 2 милијарди птици и идентификувани се илјадници водни живеалишта од меѓународно значење.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:35 300 единки44 различни видовиводни птициМакедонијамед
Претходен напис ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
Следен напис АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?