Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
Агровести

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации

Објавено 27/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за Скопје не се пристигнати пријави за штети предизвикани од врнежите дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи.

Во Струмички регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради дождот, во Штипскиот регион зачестени се одрони и свлечишта на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема опасност од излевање на реките. во општините Крива Паланка и Ранковце нивото на Крива Река е зголемено, но нема излевање и пријавени штети, додека во Општина Кратово нема штети, а зголемените водостоји на Кратовска и Крива Река се во рамки на коритата.

Според ЦУК, во општините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Демир Хисар не се пријавени штети од врнежите, додека во општина Крушево нивото на реката Црна кај село Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање.

На подрачјето на РЦУК Охрид состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети.

-На подрачјето на РЦУК Тетово состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети. Во општините Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе и Лозово состојбата е стабилна и нема опасност од излевање на реките. Во ридско-планинските делови на општина Кавадарци има нови врнежи од снег. ЈП „Комуналец“ со две возила интервенира на критичните патни правци. На патниот правец Кавадарци – Мушов Гроб – Мајдан има одрони кај месноста Катуниште, каде ЈП „Македонија пат“ врши расчистување. Сите патишта се проодни. Од браната „Мавровица“ продолжува прелевање на вода од 2 см над максималната кота, без опасност од излевање и загрозување на околината, наведува ЦУК. 

Според информациите од Општина Струмица, поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино поплавени се поголеми површини земјоделско земјиште, пластеници, како и дворови на куќи во с. Муртино. Во текот на денот ангажирани се 5 булдожери, 5 камиони со песок и 1 багер за интервенција на критичните локации. Пријавено е дека надојдените води од реката Тркања кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од село Костурино. Реката Плаваја во село Подареш е со зголемен водостој. Екипи на ЕЛС Радовиш и ЈП „Плаваја“ извршиле санација и состојбата е ставена под контрола, без опасност од излевање.

Во Штипскиот регион ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира и ги одржува патиштата проодни, со апел за внимателно и прилагодено возење. 

-Во Штип е пријавен срушен потпорен ѕид на улицата „Љубен Иванов“, при што се оштетени две паркирани возила и е блокирана една сообраќајна лента. По завршување на увидот од СВР Штип ќе се пристапи кон расчистување. Водостоите на водотеците се зголемени, но се во рамките на коритата и засега нема опасност од излевање, информира ЦУК. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:стабилизиранаструмицаТркањацук
Претходен напис Зголемен водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река
Следен напис МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?