Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Експертите предупредуваат: Плановите на ЕК за пестицидите се спротивни на правото на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Експертите предупредуваат: Плановите на ЕК за пестицидите се спротивни на правото на ЕУ
Агровести

Експертите предупредуваат: Плановите на ЕК за пестицидите се спротивни на правото на ЕУ

Објавено 27/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Планираното одобрување на пестициди на неопределено време во Европската Унија би било спротивно на законот, се наведува во експертско правно мислење, јави ДПА.

Во анализата, нарачана од повеќе организации за заштита на потрошувачите и животната средина, се заклучува дека плановите на Европската комисија би довеле до „значително намалување на нивото на заштита на животната средина и здравјето“.

Во документот се изразуваат и сериозни сомнежи за усогласеноста на предложените измени со принципот на претпазливост и со високото ниво на заштита на здравјето и животната средина, загарантирани со европското право.

Организациите Foodwatch, фондацијата „Аурелија“, ClientEarth, „Еколошка акција Германија“ (DUH), Германската лига за природа и животна средина (DNR), Мрежата за акција против пестициди и Еколошкиот институт од Минхен ја повикаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ги запре овие планови.

Европската комисија во иднина сака пестицидите, како глифосат, да бидат одобрени на неопределено време во ЕУ. Со предлогот презентиран во декември се предвидува укинување на досегашните задолжителни редовни повторни одобрувања за активните супстанции, при што најопасните супстанции би биле исклучок од ова правило.

Досега одобрувањето активна супстанција во ЕУ се даваше за ограничен период од најмногу 15 години по што мораше повторно да се преиспита. Доколку не се обнови, одобрувањето истекува.

Според желбите на Комисијата, обновувањата и целните повторни процени во иднина би се вршеле само кога за тоа постојат научни причини. Правното мислење ја критикува идејата дека во овој процес пресудна би била последната процена направена на ниво на ЕУ, што може да доведе до игнорирање понови научни сознанија за активните супстанции.

Експертите наведуваат дека ваквиот пристап е спротивен на судската пракса на Судот на правдата на ЕУ, според која Унијата мора да ги земе предвид најновите научни сознанија при донесување прописи во оваа област.

Тие исто така гледаат правни проблеми и во плановите на Комисијата да дозволи активните супстанци да продолжат да се користат и продаваат подолго отколку досега, дури и по истекот на нивното одобрување.

Со оваа иницијатива Европската комисија има цел да ги намали административните обврски и трошоците за производителите, компаниите и надлежните институции. Истовремено, како што нагласува Комисијата, треба да се зачуваат високите стандарди за безбедност на храната и добиточната храна.

Поради подобрата достапност на производите, се очекува корист да имаат и земјоделците. 

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:ЕКЕкспертите предупредуваатЕУпестицидитеспротивни
Претходен напис Мицотакис: Строга имплементација на мерките за биолошка безбедност за сипаниците кај овците и козите, вакцинацијата не е решение
Следен напис Зголемен водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?