Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицотакис: Строга имплементација на мерките за биолошка безбедност за сипаниците кај овците и козите, вакцинацијата не е решение
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицотакис: Строга имплементација на мерките за биолошка безбедност за сипаниците кај овците и козите, вакцинацијата не е решение
Агровести

Мицотакис: Строга имплементација на мерките за биолошка безбедност за сипаниците кај овците и козите, вакцинацијата не е решение

Објавено 27/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Клучната важност на следните три месеци, како и потребата од целосна и строга примена на мерките за биолошка безбедност, со цел да се искористи намалувањето на бројот на случаи евидентирани во зимскиот период, биле истакнати на состанокот што го свика грчкиот премиерот Киријакос Мицотакис за мерките за справување со сипаниците кај овците и козите, а паралелно посочил дека не се разговара за вакцинација на животните – јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа централен приоритет е присуството на поголем број ветеринари на терен, при што веќе се поведени активности за зајакнување на ветеринарните служби со воени ветеринари, овластени приватни ветеринари и привремен персонал, како и за користење дополнителни лаборатории.

Дополнително, било истакнато дека, според заклучоците на Националната научна комисија за управување и контрола на сипаниците, строгата примена на научно поткрепени мерки за биолошка безбедност претставува неопходен предуслов за искоренување на конкретната болест кај животните, а евентуалната масовна вакцинација би ја влошила состојбата во услови на недоволна биолошка безбедност бидејќи носи ризик од понатамошно ширење наместо ограничување на болеста.

На почетокот на состанокот Мицотакис посочи дека постои координирана стратегија за да се стигне до крајната цел, а тоа е искоренување на сипаниците кај козите и овците, но за владата приоритет е целосно имплементирање на мерките за биолошка безбедност.

– Сакам да бидам сосема јасен: за нас постои само една стратегија, воопшто не дискутираме за прашањата за вакцинација, тоа ни го препорачуваат експертите. Секогаш ја слушаме науката. Знаете, на оваа маса имам одржано многу состаноци, дневни, кога бевме повикани да управуваме со големата криза поврзана со ковидот. Секогаш се водевме според она што ни го кажува науката, што значи дека за нас примената на мерките за биолошка безбедност се единствено решение. Многупати објаснивме зошто вакцинацијата не е препорачано решение бидејќи не можеме да откриеме и да разликуваме дали едно животно е болно или вакцинирано – објасни Мицотакис.

Додаде дека ќе побара од надлежниот министер строго да се постапува кога станува збор за незаконски вакцинирања и незаконски вакцини бидејќи „постои законска рамка и очигледно полицијата ќе изврши соодветни проверки и за нивниот увоз и за нивната дистрибуција“.

Од кабинетот на Мицотакис посочија дека за поддршка на сточарите веќе се исплаќаат обесштетувања за загуба на приходи, а воедно се подготвува програма за субвенции за обновување на сточниот фонд.

Според податоците од Министерството за земјоделство на Грција, објавени пред неколку дена, од август 2024 година до 18 јануари годинава биле усмртени вкупно 472.928 овци и кози како дел од мерките за борба против сипаниците, а регистрирани се 2.061 случај на 2.559 фарми во цела Грција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:безбедносткозитемицотакисовцитесипаниците
Претходен напис Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
Следен напис Експертите предупредуваат: Плановите на ЕК за пестицидите се спротивни на правото на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?