Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зоран Илиевски во „Бизнис-клуб“: „Без консултации со бизнис-заедницата нема економски развој на државата “
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зоран Илиевски во „Бизнис-клуб“: „Без консултации со бизнис-заедницата нема економски развој на државата “
Агровести

Зоран Илиевски во „Бизнис-клуб“: „Без консултации со бизнис-заедницата нема економски развој на државата “

Објавено 26/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Чест ми е што сум активен член на Управниот одбор на Стопанската комора, која дефинитивно ја етаблира бизнис-климата во Македонија“, истакна Зоран Илиевски, главен оперативен директор и менаџер за развој на бизнисот во „Актива“ ДОО Штип и член на УО на Стопанската комора, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Според Илиевски, Стопанската комора е клучно место каде што континуирано се вложуваат напори за подобрување на бизнис-климата во нашата земја. Тој нагласи дека во Управниот одбор членуваат млади луѓе со јасна визија Македонија да стане подобро место за живеење и работа, но потенцираше дека без активно вклучување на сите релевантни чинители – со цел подобро образование, здравство и институционален систем – тие цели не можат да се постигнат.

„Работата на Комората на трите развојни компоненти не е можна без силни институции и без соработка со образовниот сектор. Без регионална соработка, барање регионални пазари и без подобрување на извозната компонента ние не можеме да се надеваме на раст на економијата и на подобар живот. Мора да се фокусираме на тоа да донесеме девизни приливи во државата за да бидеме посигурни и економски посилни“, изјави Илиевски.

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочува бизнис-заедницата, Илиевски посочи дека еден од клучните проблеми е отсуството на навремени и суштински консултации со бизнисот при креирањето и донесувањето на законските решенија.

„Немањето долгорочни политики на државата или промените што се случуваат, а за кои, притоа, не е консултиран бизнисот при носењето одлуки, директно влијаат врз бизнис-плановите и врз инвестициските циклуси што ги планира една компанија“ и додава: „Бизнисот да им се остави на бизнисмените за да создаваат профит и вредност, а државата да има улога на регулатор.“

Според Илиевски, политичките структури секогаш декларативно промовираат дека ќе му помогнат на бизнисот, но во пракса таа поддршка е ограничена.

„Политичките структури постојано нагласуваат дека ќе му помогнат на бизнисот и дека Македонија ќе ја позиционираат на повисоко ниво со иновативен и технолошки развој, но во овие 15-ина години компаниите самите си го трасираат патот. Нема некоја директна вклученост на државата во подигнувањето на некоја компанија и во нејзиното искачување на повисоко ниво, особено извозно ориентирана компанија“, изјави Илиевски.

Осврнувајќи се на квалитетот на образованието, тој истакна дека знаењата и искуството стекнати на факултет му помогнале да премине од еден конвенционален начин на работење кон дигитализација и автоматизација на процесите во компанијата. Сепак, нагласи дека формалното образование не е доволно само по себе и дека континуираното вложување во знаењето и во вештините на вработените е клучно за раст на компанијата.

„Доколку не се врши континуирана едукација на кадарот и следење на иновациите и технологиите, не може да се биде добро позициониран или да се биде партнер на листата на добавувачи кај компаниите кои ги евалуираат сите аспекти од работењето на една компанија.“

Во рамките на својот професионален развој, Илиевски ја завршил Програмата за извршни директори на Школата за менаџмент „Келог“ во Еванстон, Илиноис, САД, организирана од „Македонија 2025“.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бизнис-клубекономски развојЗоран Илиевскиконсултации
Претходен напис Водата во Скопје безбедна за пиење
Следен напис Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од 12 часот, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?