Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Превозниците утре ќе ги блокираат сите гранични премини во државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Превозниците утре ќе ги блокираат сите гранични премини во државата
Агровести

Превозниците утре ќе ги блокираат сите гранични премини во државата

Објавено 25/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утре напладне – 370 товарни возила ќе ги блокираат сите гранични премини во државата. Запрен ќе биде товарниот сообраќај кон Европската унија и транзитот низ регионот. Ќе се пропуштаат само камиони со лекови, жива стока, експлозиви и муниција.

Причина за ваквиот чекор е новиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната со што на камионџиите од Западен Балкан им се ограничува престојот. Планот е блокадите да траат седум дена, но подготвени се да ги запрат протестите, доколку ЕУ започне преговори за надминување на проблемот.

„И првиот и вториот ден ако се прати сигнал до надлежните органи на нашата држава дека ќе се направат средби за да се изнајде решение веднаш ќе ја прекинеме блокадата. Не сакаме да нанесуваме штета ни на себе ни на стопанството. Ќе се соочиме сите како регион голем број од превозниците да бараат решение, со префрлање на капиталот со префрлање на капиталот во други држави од ЕУ што би довело до колапс на целото стопанство“, изјави Билјана Муратовска – транспортна асоцијација Макам – транс.

Ако Унијата не најде начин за надминување на проблемот, тоа ќе значи колапс за економијата од Западен Балкан. Неколкукратно ќе се зголемат трошоците за превоз, а со тоа и цената на производите, предупредуваат превозниците.

Освен македонските превозници, блокади на граничните премини ќе организираат и транспортерите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Нема да има пречки за влез и излез на патничките автобуси и автомобили.

Извор –ТРН

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:ЕУизвозкамиониМакам транс
Претходен напис Малите трговци за новиот закон за заштита од пушење: Ова ќе стави клуч на врата на над 4000 бизниси
Следен напис (ВИДЕО) Кравата Вероника ги воодушеви научниците: Користи алати како човек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?