Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Запленети девизи, злато, цигари, бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Запленети девизи, злато, цигари, бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија
Агровести

Царинска управа: Запленети девизи, злато, цигари, бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија

Објавено 20/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царинската управа информира дека нејзини службеници и мобилни царински тимови откриле неколку обиди за шверцување разновидна стока и неколку обиди за криумчарење поголеми суми девизи.

Соопшти дека кај двајца грчки државјани, кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин „Табановце“, биле откриени непријавени 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка од околу 90 грама.

– При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле пронајдени 23.900 евра, а во неговиот паричник и во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 3 златни монети, секоја со маса од околу 8 грама и една златна плочка со маса од околу 90 грама. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.900 евра, златните монети и златната плочка се привремено задржани, соопшти Царинската управа. 

Управата информира и дека при контрола на автомобил, кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин „Ќафасан“, кај совозачот биле пронајдени непријавени 20 илјади евра. Појаснува дека според  Законот за девизно работење, на странката ѝ биле вратени 10 илјади евра, а останатите 10 илјади евра се привремено задржани.

На излез од држвава на граничниот премин „Богородица“, пак, кај четворица патници се пронајдени вкупно 20.000 евра, односно секој од нив со себе носел по 5.000 евра, сума која е потребно да се пријави и за која е потребна потврда од овластена банка или менувачница при изнес од државава.

Според Законот за девизно работење, на секој од патниците им се вратени по 2.000 евра, а остатокот од по 3.000 евра или вкупно 12.000 евра се привремено задржани.

-Триесет штеки цигари со турски акцизни маркички, 279 парчиња накит-бижутерија и 30 килограми мониста се пронајдени од  царински службеници при контрола на автобус со турски регистарски таблички, пријавен за влез во државава на граничниот премин „Деве Баир“. Цигарите биле пронајдени во фабричка празнина во просторот за одмор на возачите, а накитот бил пронајден во ќеса сместена во багажниот простор на автобусот. Вредноста на непријавените производи изнесува 73.780 денари, а избегнатите давачки се во износ од 75.038 денари, се наведува во соопштението.

Во чанта на патник, странски државјанин со пријавено живеалиште во Прилеп, кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин „Стење“, пронајдени биле 17 шишиња со течност за инјекции за животни од 100ml и 250 ml, кои се привремено одземени. 

-На влез на граничниот премин „Табановце“ се пријавил патник кој со себе имал АТА карнет, но при контрола од страна на царински службеници во багажниот простор помеѓу пријавените музички инструменти пронајдени се и четири парчиња нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и употребуван модул за електрични тапани, кои не биле опфатени во АТА карнетот, а патникот не ги пријавил, соопшти Царинската управа.

На граничниот премин „Табановце“, по насоки од Одделението за дежурен царински центар, извршен бил детален преглед на возило, при што се пронајдени 60 литри домашна ракија.

-Возачот пријавил само неколку мали канти со сирење и патнички торби, а ракијата, која била во пластични шишиња и туби, е откриена во задните врати под тапацирот, во покривот, под хаубата и во патнички торби, стои во соопштението.

Царинска управа

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:девизизлатоцаринска управацигари
Претходен напис Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
Следен напис Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?