Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска за „Мој ДДВ“: Останува како што беше и досега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска за „Мој ДДВ“: Останува како што беше и досега
Агровести

Димитриеска-Кочоска за „Мој ДДВ“: Останува како што беше и досега

Објавено 14/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изјавата на министерката доаѓа откако вчера директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, рече дека мерката откако е воведена не го има дадено очекуваниот ефект

Нема да има промени во однос на „Мој ДДВ“, сето останува како што беше и досега, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Изјавата на министерката доаѓа откако вчера директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, рече дека мерката откако е воведена не го има дадено очекуваниот ефект.

Димитриеска-Кочоска вели дека не ја има слушнато изјавата на директорката на УЈП, но потврди дека досега во Финансии нема пристигнато некаква информација или извештај околу „Мој ДДВ“.

„Ниту, пак, сме разговарале на тема воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме околу ’Мој ДДВ’. Така што не можам да кажам дека ќе има било какви промени, туку напротив сето останува како што беше и до сега“,вели министерката.

Директорката на УЈП синоќа во телевизиско гостување рече дека не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“ или, пак, дека постои некаква таква одлука или намера за донесување на таква одлука.

Меѓутоа, рече Петрова, кога се работи за таква мерка за која се трошат јавни средства, секако дека треба да се погледне и да се разговара за ефикасноста на мерката и дали таа ги дава целите заради коишто била воспоставена.

„Преку оваа мерка, на квартално ниво за 2025 година, се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за, во просек, околу 502 000 корисници. И овој износ секоја година се зголемува во однос на претходните години. Се зголемува и бројот на корисници, но заради тоа што се зголемува и наплатата на приходот, во просек можеме да кажеме дека за оваа мерка се издвојуваат околу четири проценти од годишната наплата на ДДВ приход или тоа е еквивалентно на приближно половина месечен ДДВ приход“, рече Петрова.

Таа нагласи дека мерката, која е воведена во 2019 година, требала да доведе до намалување на сивата економија и секој граѓанин го поставува во улогата на даночен инспектор.

„Ако од тој аспект сакаме да ја процениме мерката, состојбите кои што ги гледаме на терен и состојбите кои што можеме да ги забележиме и внатре, врз основа на сите податоци со кои што располагаме, јасно водат до заклучок дека мерката не го дала посакуваниот ефект“, нагласи Петрова.

Таа потврди дека апликацијата „Мој ДДВ“ има одредени технички проблеми кои се во континуитет.

„Состојбата е таква зошто со години наназад не постоеле соодветни вложувања и инвестици во обезбедување соодветна ит-структура, во надградба на системите. Сега започнавме процес и реализиравме најголема набавка на ит-опрема која е во фаза на инсталирање и со која ќе се обезбеди сигурна и стабила ит-инфраструктура“,рече таа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Димитриеска-КочоскаОстанува
Претходен напис Вандализирани трактори на двајца земјоделци кои присуствуваа на средбата со Мицотакис
Следен напис Најдобрите партнери на земјоделците се извозниците, тие го решаваат пласманот на производите на странските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?