Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението
Агровести

Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението

Објавено 13/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 50 отсто од популацијата е зависна од цигари и пуши околу 18-22 цигари дневно што е двојно повеќе во споредба со европските стандарди, вели министерот за здравство Азир Алиу во интервју за Телевизија 24. Oсобено алармантно, како што вели, е тоа што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7,7 отсто активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37 процени, а на електронски цигари има 40 проценти активни пушачи.

Министерот вели дека законот за заштита од пушење, кој сè уште не е донесен, не е против пушачите, туку дека целта со него пред сè е да се заштитат непушачите кои се околу 50 отсто од населението, а истовремено на пушачите да им помогне да се откажат од консумирањето цигари.

„Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Замислете колку е државата виновна кон тој граѓанин макар и еден да е, тој ќе седи во затворена просторија во која се пуши“,изјави министерот за здравство.

Вели дека и пасивните пушачи се во ризик-фактор на население и може да се соочат со здравствени проблеми.

„Разговарав со колеги од разни институции и со доктори кои велат дека многу често има случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните кои не се пушачи“,додаде министерот.

  • Алиу: Предлог-законот за забрана за пушење е на ЕНЕР, заинтересираните можат да учествуваат во јавната дебата

Освен целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, предлог-законот за заштита од пушење изработен од Министерството за здравство предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, регулирање на продажбата, прикажувањето и изложувањето на тутунски и никотински производи.

Извор – 360

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:законнаселениепушачиризик
Претходен напис НП „Шар Планина“ го засилува мониторингот на балканскиот рис
Следен напис Општина Кавадарци: До март да се комплетираат документите за дивоградбите за кои е побарана легализација 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?