Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Ѓоргиевски: Цените на храната и оваа година ќе останат исти, фокусот треба да се насочи кон домашното производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Ѓоргиевски: Цените на храната и оваа година ќе останат исти, фокусот треба да се насочи кон домашното производство
Агровести

(ВИДЕО) Ѓоргиевски: Цените на храната и оваа година ќе останат исти, фокусот треба да се насочи кон домашното производство

Објавено 09/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Значителен пад на цените на храната годинава нема да има, смета бизнисот. Благо намалување кај одредени производи е можно, но кај житарките и шеќерот цените ќе одат нагоре, и затоа генерално промени не се очекуваат. Стабилизирање на инфлацијата е можно, само ако заврши војната во Украина и ако се зголеми домашното производство, пред се, на овошје и зеленчук, вели претседателот на ССК, информира Сител.

Намалување и стабилизација на инфлацијата е можно ако заврши војната во Украина, затоа што е таа голем производител на житарки, па така би се намалиле цените. Но генерално, фокусот треба да се насочи кон домашното производство. Таму е суштината. Инаку дефинираните цени кои што се, помалку или повеќе, ќе останат исти, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојуз на Стопански Комори.

Откако премиерот за високите цени ги обвини маркетите и ги повика да го почитуваат законот за нефер трговски практики, за да не стават клуч на врата, од ССК велат – ако владата има докази, слободно нека казнува.

Ние немаме информации дали се почитува или не законот. ССК имаше голем удел во креирањето на тој закон. Државата има механизми да провери дали се почитуваат одредбите или не. Врз основа на тоа може да одреди казна или да не одреди казна. Нашот став е таков, додава Ѓорѓиевски.

Организацијата за храна на Обединетите нации денеска објави дека индексот на цените 4-ти месец по ред паѓа. Во декември поевтиниле млечните производи, месото, растителните масла, додека поскапеле житарките и шеќерот. Пониски цени на храната и пад на инфлацијата објави и Евростат. Кај нас, вчера статистика измери дека лани трошоците за живот биле повисоки за 4,1 отсто во споредба со 2024-та.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:георгиевскипроизводство
Претходен напис Со Дајнерс картичката можете на РАТИ да ги плаќате и сметките за СТРУЈА, ТЕЛЕФОН и ПАРНО ГРЕЕЊЕ
Следен напис Крај на пушењето: Македонија подготвува најстрог закон против пушењето досега
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?