Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
Агровести

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците

Објавено 02/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците. 

– Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе  постапиме, рече денеска на новинарско прашање министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На прес-конференција по повод стартот на примената на Законот за работно ангажирање на лица министерот посочи дека со овој закон ќе се намали невработеноста и оти пензионерите, студентите,  корисниците на социјална помош, ќе можат да бидат вработени во текот на годината не повеќе од шест месеци.

Прашан дали ќе има прочистување на списокот во Агенцијата за вработување каде има невработени кои земаат социјална помош а неприфаќаат вработување, наведе дека со новиот закон што е во сила тие нема да ги губат правата како невработени, но ќе имаат можност да бидат вработени во дејностите земјоделство, рибарство, шумарство, угостителство. 

Според направените анализи на Министерството за економија, со примената на законот се очекува формализација на 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анализаЗголемени ценипразницитетрговците
Претходен напис ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
Следен напис Од април ќе нема пензија под 15 илјади денари, вели Мицкоски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?