Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комората како поддршка на бизнисот: Услуги, приоритети и стратешки насоки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комората како поддршка на бизнисот: Услуги, приоритети и стратешки насоки
Агровести

Комората како поддршка на бизнисот: Услуги, приоритети и стратешки насоки

Објавено 29/12/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со петте експерти во Комората, кои со својата работа оставаат силен и препознатлив печат во коморското работење: м-р Анета Димовска, м-р Наташа Јаневска, д-р Татјана Штерјова-Душковска, м-р Игор Тасевски и м-р Михајло Донев. Во фокусот на разговорот со претседателот на СКСМ беа клучните аспекти од нивната работа, како и нивните ставови и анализи за актуелните состојби во економијата и образованието, се наведува во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија, што МИА го пренесува интегрално.

М-р Игор Тасевски, АТА-карнет менаџер, ја појаснува својата улога во Стопанската комора, која претставува директна поддршка за македонската бизнис-заедница во процесите на меѓународна трговија. Тој го објасни значењето на АТА-карнетот како меѓународен царински документ што овозможува привремен увоз на стоки без плаќање царина и даноци, нагласувајќи дека оваа услуга значително ја намалува бирократијата и им овозможува на компаниите полесен настап до странските пазари. Зборувајќи за својата улога и позиција, тој истакна:

„АТА-карнет менаџерот е одговорно лице за издавање и за проверка на АТА-карнетите, кои претставуваат своевиден пасош за стоките и услугите при премин од едно во друго царинско подрачје, без непотребна бирократија.“

М-р Михајло Донев се осврна на улогата на социјалните мрежи во животот и во работењето на младите, што е резултат на брзиот и динамичен начин на живеење. Тој посочи дека социјалните мрежи претставуваат брз и лесно достапен извор на информации, но истовремено предупреди дека брзината може да оди на сметка на  квалитетот на содржините што се нудат, што ја наметнува потреба од критички пристап и селекција на информациите.

Во разговорот со м-р Димовска беше отворено и прашањето за минималната плата и за нејзиното законско нормирање. Таа информираше дека Законот за минимална плата е резултат на широк консултативен процес во кој биле вклучени повеќе чинители, при што се водело сметка, од една страна, мерката да не претставува прекумерен товар за работодавците, а, од друга страна, да обезбеди минимално ниво на сигурност за трудот на работниците.

Но, сепак, м-р Димовска изрази жалење што една добра идеја за заштита на работниците често се претвора во инструмент на предизборните политички ветувања, без да им се обрне доволно внимание на импликациите врз економијата во услови на ниска продуктивност. Според неа, зголемувањето на минималната плата повлекува раст на другите плати, создава инфлациски притисоци и ги зголемува трошоците за компаниите.

Во поткастот таа откри и дел од своите лични интереси – љубовта спрема книгите и сликањето, кое го доживува како своевидна вежба и начин на релаксација.

Зборувајќи на темата за образованието, м-р Наташа Јаневска укажа на потребата од нов модел на финансирање на стручното образование, кое е значително поскапо од општото гимназиско образование поради потребата од современа опрема, алати и машини на кои учениците практично ќе се обучуваат во училишните работилници.

Преку Коморскиот инвестициски форум на шесте земји на Западен Балкан, во кој е членка и Стопанската комора, и преку поддршката од KfW и од Регионалниот фонд за предизвици, обезбеден е грант од 7,1 милиони евра за конзорциуми составени од стручни училишта и компании, наменет за опремување на училиштата и за реализација на практичната обука.

Како идни приоритети, м-р Јаневска ги посочи признавањето на двегодишното стручно образование како основа за стекнување диплома и како можност за избор меѓу вработување или продолжување на образованието; унапредувањето на квалитетот на практичната обука, како и подигнувањето на квалитетот на високото образование преку задолжителна практична настава и стандардизација на квалификациите и преку воспоставување стручни студии, најпотребни за бизнис-заедницата.

„Следно нешто на кое сакаме да работиме е високото образование, кое треба да создава не само академски граѓани, туку и граѓани со практични и стручни вештини какви што бараат компаниите“, додаде м-р Јаневска.

Во продолжение на поткастот, во делот посветен на регионалната соработка, д-р Татјана Штерјова-Душковска истакна дека искуствата од Коморскиот инвестициски форум можат да се искористат во реализацијата на приоритетите на Комората, и тоа кај регионалната соработка, завршувањето на процесот на дуално образование и кај пренасочувањето на стекнувањето вештини во високото образование и во извозот.

Д-р Душковска нагласи дека токму во сегментот на дуалното образование Стопанската комора на Северна Македонија бележи најголем напредок, факт што јасно го потврдуваат и бројките години наназад. Проектот на Регионалниот фонд за предизвици преку кој се обезбедуваат грантови за училиштата и за компаниите е само поддршка во тој процес. Преку Регионалниот фонд за предизвици во регионот се поддржани 99 проекти со повеќе од 44 милиони евра, со учество на повеќе од 530 компании. Средствата се искористени за модерна опрема, лаборатории, за ЦНЦ-машини, виртуелна реалност и за обуки, што значително придонесува за создавање стручен кадар.

Во делот на извозот Душковска објасни дека активностите на КИФ биле насочени кон развој на алатки и дигитални платформи и кон директна поддршка за компаниите, за да им помогнат подобро да се позиционираат, имајќи предвид дека само мал дел од нив моментално се подготвени за настап на единствениот пазар на ЕУ. Од 60 апликации 13 компании добиле финансиска поддршка во вкупен износ од 1,1 милион евра.

„Стратешки се насочуваме кон директен влез на единствениот пазар на ЕУ, но мора да признаеме дека многу мал дел од компаниите во моментов се соодветно подготвени да се носат со конкуренцијата“, изјави д-р Душковска.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:КоморатанасокиУслуги
Претходен напис УХМР: Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени
Следен напис Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?