Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Агровести

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Објавено 25/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка овозможи нова веб-апликација „Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредити и депозити за физички лица“, современа дигитална алатка наменета за сите граѓани кои сакаат лесно да ги споредат понудите на банките и штедилниците во земјава врз основа на транспарентни информации.

Како што соопштија од Народната банка, апликацијата овозможува брз и прегледен увид во каматните стапки и другите важни услови под кои се нудат кредитите и депозитите, со цел граѓаните да можат да донесат финансиска одлука заснована на информации и според нивните лични потреби и можности.

Преку едноставна алатка, корисниците можат да избираат вид на кредит или депозит, да ги споредуваат каматните стапки и надоместоците, да применуваат филтри според типот на производот, износот, рокот, каматните стапки, како и да добијат основни, но релевантни информации за секој финансиски производ на едно место.

-Со воведувањето на оваа веб-апликација, Народната банка обезбедува нов, модерен и практичен начин за споредување на понудите на финансиските институции, со што директно придонесува кон зголемување на транспарентноста, јакнење на финансиската писменост и финансиската информираност. Податоците за кредитите и депозитите ги доставуваат банките и штедилниците и тие се одговорни за нивната точност и за редовното ажурирање, стои во соопштението.

Народната банка, во рамките на својата улога, и во иднина ќе биде посветена на унапредувањето на транспарентноста, заштитата на потрошувачите, финансиската едукација и довербата во финансискиот систем, преку дигитални решенија во интерес на граѓаните.

Оваа веб-апликација е поддржана од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) и е изработенa со финансиска помош од Европската Унија, се наведува во соопштението од Кабинетот на Гувернерот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:веб-апликацијадепозитикредитиНародната банка
Претходен напис Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена
Следен напис Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?