Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена
Агровести

Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена

Објавено 25/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање за воведената кризна состојба во снабдување со електрична енергија поради недостиг на енергеснси.

Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари праша зошто навреме не биле преземени чекори за да се заштитат граѓаните од ценовен шок со новото поскапување на струјата, при што кажа дека ова „не е енергетска криза туку криза на неодговорности“.  

-Како одговорна влада ние без надомест ќе ги дадеме резервите на мазут. Ќе му овозможиме на АД ЕСМ да ги земе резервите на мазут со тоа што кога ќе претстанат да штрајкуваат грчките земјоделци ќе продолжат да бидат снабдувани со мазут, рече Божиновска на седницата за пратенички прашања. 

Во однос на поскапувањето на електричната енергија, таа укажа дека цените ги формира Регулаторната комисија за енергетика. 

-Иако според Реформската агенда државата треба да не дава 100 проценти туку 75 проценти од износот, ние како одговорни кон нашите граѓани, сепак, ги даваме стоте проценти. Цените се над 100 евра моментално на пазарот, ние ги даваме за 65, со цел граѓаните да немаат никакви ценовни шокови. Во првиот блок се околу 70 проценти од граѓаните, знаеме дека инфлацијата е 4 проценти, иако се шпекулираше со 7,8 проценти и двоцифрени, поскапување има од 2,25 проценти, рече министерката.

Таа посочи дека во новиот закон кој, рече, е целосно имплементиран со Европската Унија, првпат се воведени мерки за енергетска сиромаштија.

-Даваме финансиска помош и други мерки, што значи дека воведуваме првпат концепт на енергетска сиромаштија. Тоа значи дека освен што ќе даваме пари за ранливите граѓани, имаме мерка со која во текот на зимата не смее да ги исклучуваат сиромашните граѓани, тоа досега го немало, додаде Божиновска. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АД ЕСМБожиновскакризапланот
Претходен напис Европска Комисија: Одлуката за прекин на средствата од третиот квартал во рамките на ИПАРД не подразбира суспензија на целокупната програма
Следен напис Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?