Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славески: Монетарната политика останува непроменета, се задржува внимателниот пристап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славески: Монетарната политика останува непроменета, се задржува внимателниот пристап
Агровести

Славески: Монетарната политика останува непроменета, се задржува внимателниот пристап

Објавено 24/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка од денеска почнува со примена на новата оперативна монетарна рамка која како основен инструмент ги користи благајничките записи со рочност од седум дена наместо досегашната поставеност, која како основен инструмент ги користеше благајничките записи со рочност од 42, односно 49 дена.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната прес-конференција посочи дека модернизацијата на оперативната рамка е внимателно обмислена и има за цел да овозможи натамошно подобрување на ефективноста на монетарната политика.
 
– Скратувањето на рочноста на основниот инструмент на седум дена овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, во што централната банка има подиректно влијание. Народната банка ќе ја одреди големината на понудата на седумдневните благајнички записи така што ќе обезбеди повлекување на ликвидноста од банкарскиот систем. Банките и понатаму ги имаат на располагање депозитите и кредитите преку ноќ заради управување со краткорочните ликвидносни промени. Сите овие промени го зајакнуваат сигналниот ефект на монетарната политика и трансмисиониот механизам, истакна Славески.

На аукцијата што денеска ќе се одржи, како што посочи, ќе се понудат 43 милијарди денари со каматна стапка од четири проценти, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.

Во однос на монетарната политика, Славески рече дека таа останува непроменета.

– Внимателноста на монетарната политика е одраз на потребата за натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата, динамичната кредитна активност и на ризиците од надворешното окружување. Во услови на премин кон новата оперативна монетарна рамка, непроменетоста на монетарната политика ефективно се обезбедува преку поставување на каматната стапка на 7-дневните благајнички записи на нивото од 4 отсто и зголемување на понудениот износ на основниот инструмент, рече Славески.

Според проценките на Народната банка, растот на економската активност забрзува и изнесуваше 3,8 проценти на годишна основа и целосно произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, што главно е резултат на растот на бруто-инвестициите, а октомвриските податоци за индустриското производство и прометот во вкупната трговија упатуваат на натамошни поволни трендови. Инфлацијата останува во фокусот на моентарната политика, а трговскиот дефицит, проценет за четвртиот квартал од годината во согласност со податоците за надворешно-трговската размена во октомври, е малку повисок од очекувањата. 

– Надворешните ризици и натаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори што влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка останува подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и, доколку е потребно, да преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување ценовна стабилност на среден рок, порача гувернерот Славески. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:внимателниот пристапМонетарната политиканепроменетаСлавески
Претходен напис АХВ: Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
Следен напис Зголемен обемот на поштенски услуги, но и на рекламации – корисниците се повеќе бараат лиценцирани доставувачи на пратки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?